Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Венко Филипче пишман аџија – Со денови најавуваше резолуција за наводни мигранти, ниту ја промовираше ниту ја достави

Не ја поднесоа нивната резолуција, а ниту сакаат да бидат дел од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не ја поднесоа нивната резолуција, а ниту сакаат да бидат дел од расправата во Собранието за резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ на темата „Мигранти во Македонија. Пратениците на СДСМ избегаа од пленарната седница во Собранието на која требаше да се расправа за документот на власта со којшто се гарантира безбедноста на државата. Се оправдаа дека нема да учествуваат бидејќи не биле присутни дел од министрите и премиерот кои инаку се во Брисел на самит ЕУ – Западен Балкан.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека резолуцијата е единствен документ којшто е ставен во институционална рамка. Пратеникот Бојан Стојановски пак ги обвини социјалдемократите за лицемерие.

Иако СДСМ се уште немаат поднесено документ до Законодовниот дом, сепак го обвинија премиерот Христијан Мицкоски дека избегал во Брисел само за да не ја поддржи нивната резолуција. Преку соопштенија објаснија дека не предале документ бидејќи ВМРО ДПМНЕ не се согласиле да разговараат на оваа тема. Тврдат дека пратениците на власта не сакале да се отвори дискусија во Собранието. Тоа било причината и зошто ја напуштиле седницата.

Реклама

СДСМ нема да им биде прекривка за најголемото предавство на Македонија, пари за мигранти. Нека си ја потпишат предавничката политика сами, заедно со колаборантите од ЗНАМ – за пари.

Вистината е следна: не сакаат да ја потпишат Резолуцијата, сакаат своја контра-резолуција. На граѓаните сега им е кристално јасно зошто. Имаме избори и имаме мигранти за пари. Повеќе не е потребно никакво дополнително објаснување.

Темата „Мигранстски кампови во Макеоднија ја бранува јавноста веќе десетина дена. Засега само резолуцијата на ВМРО ДПМНЕ стигна до Собранието и е дел од седница на која допрва треба да се расправа и гласа. Премиерот Мицкоски пред неколку дена побара од Јавното обвинителство да провери дали постои кривична одговорност за ширење страв и паника кај граѓаните окако неколкупати децидно ги демантираше информациите за населување на мигранти во Македонија.