Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Повредените во трагедијата во Кочани закрепнуваат – се чека конечниот извештај од ревалуацијата на специјалистите

Кај дел од повредените во дискотеката Пулс, кои биле со полесни повреди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кај дел од повредените во дискотеката Пулс, кои биле со полесни повреди третманот на лекување е целосно завршен. Oва се првичните проценки од рееваулацијата која во изминатиот период ја направија специјалисти од Општата болница во Кoчани и клиничките центри во Скопје. Извештајот се уште се изготвува, по што ќе биде доставен до Министерството за здравство. Претежно, тоа се млади луѓе, кои краткотрајно биле хоспитализирани и имале полесни повреди. Од страна на болницата биле повикани сите пациенти кои се јавиле на првата еваулација, но на рееваулацијата се одзвале само 143 од повредените.

„Тоа е еден динамичен процес, којшто не престанува. Ние не ги оставаме, не се заборавени. Значи следењето си е контиунирано и во однос на тоа понатака, како ќе биде следењето, кој треба и кој од нив има потреба да бидат следени од пулмолог, значи ќе треба да ги преземат колегите од пулмологија. Оние што имаат потреба од третмани на лузните во смисла на само корекција од дерматолог ќе бидат исто така превземени од Клиниката за дерматовенерологија” вели Катерина Паниќ Мирчовска , директорка на Општата болница во Кочани.

Во моментот во кочанската болница на физикална терапија се 20 до 30повредени пациенти. Дел од нив, кои веќе се вратиле на работа или училиште, продолжуваат терапија и во Штип, како и во Градската болница „8ми Септември и во Клиниката „Козле„ во Скопје. Директорката Мирчевска, појаснува дека оние пациенти кои ќе имаат потреба од корекции на лузни на телото или лицето во странство, одлука треба да донесе лекарски конзилиум.

Реклама

„ Значи специјалисти од одредени области ќе бидат донесени во Македонија или повредените би биле испратени, за нешто што не може да се направи кај нас, да бидат испратени и во кои Центри биле испратени. Повторно ќе кажам се зависи од тоа и доколку треба, ќе се контактира соодветниот Центар дали ќе може да го прифати. Сепак тоа е малку посложен процес„ објаснува Мирчовска.

Во процесот на лекување и рехабилитација на повредените, македонските здравствени власти вклучија специјалисти по физикална терапија од Велика Британија и пластични хирурзи од Белгија. До крајот на месецот е планирано специјалистите од Белгија, повторно да дојдат и да извршат нова еваулација со која ќе се утврди понатомашниот тек на лекувањето. Особено внимание се посветува и на пациентите со пулмолошки повреди од вдишувањето на чадот кои се лекуваа во специјалната болница за белодробни заболувања Јасеново.