Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Голем интерес за прослава на новогодишните празници во Охрид

Со жива музика, весело и еуфорично, охриѓани предновогодишно уште сега ги полнат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со жива музика, весело и еуфорично, охриѓани предновогодишно уште сега ги полнат угостителските објекти, а како што одминуваат деновите, се зголемува и интересот за празнување во Охрид. До овој момент, хотелите и приватното сместување се околу 80 проценти закупени, претежно со гости од непосредното опкружување.

Охрид има традиционални туристи, а покрај домашните, најбројни се Бугарите, Србите и Црногорците, потоа гостите од Албанија, Косово и Грција. Сите хотели на ривиерата имаат повеќе од солидна исполнетост, дури и оние кои не организираат дочек на Нова година во своите капацитети.

Најпродавани се пакет-аранжманите кои нудат тридневен престој, а цените се движат од 200 до 300 евра по лице, зависно од содржината на аранжманот.

Реклама

„Може да стигне и до 100 евра на ден по човек, во зависност од тоа што добивате – дали се полни пансиони со дочек, свечени вечери итн. Има поголем избор и на хотели и на организирани дочеци, кој што бара и кој што сака да добие. Можам да кажам само дека за парите што се плаќаат, гостите добиваат најмногу во однос на соседните земји“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Нашата туристичка мека станува поевтина дестинација во однос на останатите центри на Балканот, поради што градот од година во година станува сè попривлечен кога станува збор за прославата на Нова година, уверува првиот човек на ХОТАМ. Но, туристичките агенции нудат и бројни алтернативи за дочек на Новата година по многу атрактивни цени.

На пример, повеќедневни новогодишни пакет-аранжмани со три ноќевања во Атина чинат 189 евра, во Будимпешта 239 евра, во Виена 199 евра, во Прага 249 евра, а во Истанбул 209 евра. Белград нуди аранжмани за 145 евра, а Тиват за 199 евра.

Експертите по туризам сугерираат дека давателите на услуги треба да ги прилагодат цените и во периодот пред новогодишните и божиќните празници. Тие препорачуваат фокус на што е можно поголема пополнетост и флексибилност на цените според пазарните услови.

„Треба и давателите на услуги, хотелите и рестораните, да ги прилагодат цените во овој вакуум период меѓу постсезоната и зимскиот дел од сезоната, односно во октомври, ноември и декември. Бидејќи најскап кревет е непополнетиот кревет. Многу поголем бенефит има еден хотел ако е 80–90 проценти пополнет по пониски цени, отколку да биде затворен и да ги плаќа трошоците за вработени и режиски расходи“, вели проф. Климент Наумов од ФТУ.

Инаку, градот блесна во новогодишно руво и Охрид се подготвува да ги дочека бројните гости, кои во прекрасен празничен амбиент ќе уживаат на ривиерата. Од локалната самоуправа најавуваат дека наскоро ќе бидат соопштени деталите околу програмата за новогодишните празници.