Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Жетвата на ориз во Кочанско сè уште не е завршена, а состојбата во полињата е алармантна, предупредуваат земјоделците

Жетвата на оризот во Кочанско сè уште не е завршена, а состојбата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Жетвата на оризот во Кочанско сè уште не е завршена, а состојбата на полињата е алармантна, предупредуваат земјоделците. Поради обилните врнежи од дожд, но и доцната сеидба, од 30 до 40 проценти од оризните површини останале неожнеани. Оризопроизводителот Борче Ангелов од село Спанчево обработува шест хектари ориз, од кои еден хектар сè уште не може да го ожнее. Како што вели, штетите се огромни, а дел од родот е сериозно оштетен.

„Моментално имам еден хектар под вода… штетите се, да не речам, 100 проценти оваа година. Со цената, со откупот и со времето… нема што да кажам“, изјави оризопроизводителот Борче Ангелов од село Спанчево.

Производителите велат дека влагата значително ќе го намали квалитетот на белото злато. Дел од родот од овогодишната реколта е оштетен, а приносите се намалени, што директно ги зголемува загубите кај оризарите.

Реклама

„Гледам сега некои жнеат, ама што ќе соберат е прашање. И тоа што ќе го ожнеат нема да биде квалитетно. За жал, природата си го прави своето“, вели друг земјоделец од село Облешево.

Дополнителен проблем претставува и ниската откупна цена. Во моментов, килограм оризова арпа се откупува по цена од 18 до 22 денари, што, според земјоделците, не ги покрива ниту основните трошоци за производство. Тие бараат итна средба со министерот за земјоделство, како и изготвување нова производна цена која реално ќе ги одразува трошоците.

„Новата производна цена на 500 килограми излегува од 29 до 30 денари. Со закон е регулирано дека над производната цена државата е должна 25 проценти да им исплати на оризопроизводителите. Ако тоа не се направи, оризот како култура ќе исчезне, младите ќе избегаат и догодина никој нема да се занимава со ориз“, изјави Здравко Арсов од Националната мрежа на земјоделци.

Лани во Кочанско под ориз беа засеани околу 4.000 хектари, а според оризопроизводителите, годинава за првпат жетвата ќе се одвива сè до новогодишните празници.