Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Пресудите за Мерко заглавени во битолска Апелација

Пресудите против контроверзниот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот возен парк и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пресудите против контроверзниот Рамиз Мерко за набавката на луксузниот возен парк и незаконското поставување директори во струшките училишта, половина година фаќаат прашина во битолска апелација. Струшкото јавно обвинителство ги обжали сите до сега изречени пресуди и бараше ефективна казна затвор.Од Апелациониот суд во Битола признаваат дека пресудите воопшто не се разгледани.

Апелационен суд Битола:” Ве известуваме дека предметите се примени во нашиот суд  во август и октомври 2025-та и истите сеуште не се решени”

За незаконското поставување на директори во 5 училишта Мерко помина со парична казна од 12.500 евра и една условна казна. Тој куртули од затвор,струшкиот основен суд го ослободиод винаиза набавката на луксузните автомобили во вредни околу 114.000 евра.

Реклама

“ Предметите се во Апелациониот суд Битола и сеуште се чека одлука по жалба.Доколку тие сметаат дека имало некоја повреда на постапката,тогаш предметот би се вратил на повторно судење.Доколку сметаат дека е нешто во однос на санкцијата,тогаш претпоставувам дека би се преиначиле а можат и да се потврдат.Меѓутоа додека не добиеме одлука тоа може само да се шпекулира” -вели Јордан Јованов,судија

По серијата скандали,кривични пријави и обвиненија кои се редат против него,екс градоначник кој се најде за црната листа на САД за корупција и мешање во судски процеси,до сега се соочи со 10 обвиненија.Но тој е еден од 5-мината против кои МВР поднесе кривична пријава за рушење на спомен куќата на Владо Малевски. Кој ќе седне на обвинителна клупа, засега е неизвесно. Од ОЈО без детали,само потврдуваат дека е оформен предмет за афтентичниот објект од 19 век, кој беше срамно срушен.

ОЈО: “Основното јавно обвинителство Струга издаде повеќе наредби за проверка ,вклучително и соодветно вештачење.Обвинителството продолжува да обезбедува докази ,по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука “

Инаку Мерко се товари и за незаконско поставување на скандалозното обележје со кое се велича фашистичката окупација на Струга,a беше поставено на општинската зграда.На24 декември ќе седне на обвинителна клупа,кривично ќе одговара и за осветлувањето кое го постави на речното корито на реката Дрим.Мерко е и еден од обвинетите за бесправно градење на објект во еден струшки хотел.Судскот процес за овој случај кој се води во битолскиот основен суд,никако да почне.