Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Нов ценовен картел – автошколите под истрага

Над 40 сопственици на автошколи од повеќе градови во Македонија се осомничени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 40 сопственици на автошколи од повеќе градови во Македонија се осомничени дека договарале и ги усогласувале цените за обуките на кандидати за возачи. Од Комисијата за заштита на конкуренцијата се сомневаат дека компаниите формирале ценовен картел и ги довеле во заблуда и загуба идните потенцијални возачи кои очекувале фер и транспарентни услови за обука. Истрагата ја спроведе телото на Комисијата за одлучување по прекршок и доколку се потврди дека навистина се случило договарање, ќе бидат преземени соодветни законски мерки и санкции.

„При извршениот увид, се откриени индиции за „усогласено однесување“, што претставува потенцијално прекршување на член 7 став (1) од Законот за заштита на конкуренцијата“, велат од Комисија за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата.

Од Комисијата за Алфа, ни објаснија дека додека трае постапката не можат да откриваат дополнителни детали, но велат дека ќе продолжат со интензивно собирање на докази и ќе биде направена темелна и целосна анализа.

Реклама

Ова не е единствениот од ваков тип на монополско здружување. Претходно, Комисијата изрече казни за 10 осигурителни компании во вкупен износ од 280 илјади евра, поради усогласување на цените на задолжителното автоосигурување. Во периодот од 1 март до 7 мај 2024 година, компаниите разменувале чувствителни информации, координирале активности и во многу краток рок донеле идентични или меѓусебно усогласени одлуки за зголемување на делот на премијата што се однесува на вршење на дејност, познат како режиски додаток.