Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Економија

Се поврзуваат Коридорите 10 и Струма: Николоски најави интензивна работа на експресниот пат Смоквица – Бугарија

Македонија забрзано ги гради Коридорите 8 и 10. Се работи на реализацијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија забрзано ги гради Коридорите 8 и 10. Се работи на реализацијата на најголемото ветување – поврзувањето на Коридор 10 со Коридор Струма во Република Бугарија. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, вели дека на терен активностите се одвиваат со засилено темпо и најавува дека ова е една од најинтензивните фази во реализацијата на најголемиот инфраструктурен проект во државата. Според него, проектите на Коридорите 8 и 10 ќе донесат голем поттик за економијата и за регионалното поврзување на Македонија со соседните земји.

„Најголем проект е спојувањето на Коридорот 10 со Коридорот Струма во Бугарија, односно изградбата на експресниот пат кој треба да оди од Смоквица преку Валандово, Струмица, Ново Село па сè до границата со Бугарија. Веќе е завршен проектот за една траса од страна на ЈПДП, а за втората е во напредна фаза и сериозно работиме на изнаоѓање финансии. Она што беше најголемо ветување, веќе сериозно го работиме“, нагласи вицепремиерот Александар Николоски.

Освен што се градат патиштата, приоритет на Владата станува и железничкото поврзување со Бугарија. Директорот на „Македонски железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски, објави дека е пробиен претпоследниот тунел на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка.

Реклама

„Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло. Го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија. Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите е пробивањето и изградбата на тунелите“, вели Синиша Ивановски, директор на Македонски железници.

Тендерот за третата фаза од железничкото поврзување со Бугарија ќе биде објавен во овој месец или јануари – најави Николоски. Тој во ноември, со бугарскиот министер Караџов го потпишаа договорот за подготовка и изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8, со што двете земји ги утврдија обврските за реализација на овој стратешки проект.

Владата најавува засилен интензитет на инфраструктурните инвестиции кои треба значително да ја подобрат поврзаноста и економијата во наредниот период. Капитални проекти во вредност од 660 милиони евра влегуваат во фокусот на државата, со посебен акцент на забрзаната изградба на Коридор 8 и поттикнувањето на регионалниот развој.