Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Контроли на УЈП: над 2.500 казни и 113 запечатени објекти

Секој четврти трговец или угостител го прекршил законот со тоа што не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секој четврти трговец или угостител го прекршил законот со тоа што не издавал фискална сметка. Само за месец ноември Управата за јавни приходи направила околу 4000 контроли, при што биле изречени повеќе од 2500 казни, а 113  фирми добиле забрана за работа. Инспекторите утврдиле дека дел од трговците користеле фискални апарати без налепници од овластен сервисер, а кај други биле забележани оштетени пломби.

„Фактот дека секоја четврта контрола завршува со утврдена неправилност во делот на неиздавање фискални сметки укажува на широка појава на неевидентирање на готовинскиот промет. Во поширок контекст, овој факт укажува и на користење на неевидентираниот промет за плаќања во готовина меѓу фирми и исплата на плати во плик, практики кои се спротивни на законот и претставуваат облици на сивата економија, создаваат нелојална конкуренција и предизвикуваат загуби за буџетот“, велат од Управата за Јавни Приходи.

Пред отпочнување со подеталните контроли и изрекувањето на санкциите, од УЈП велат дека спроведеле обемен процес на советодавни активности и канцелариски анализи со цел да се согледа однесувањето на даночните обврзници и нивото на усогласеност со законските прописи.

Реклама

Управата најавува засилени контроли во пресрет на новогодишните празници, во кои ќе бидат опфатени ресторани, кафе-барови, дискотеки, сендивачри и други субјекти кои работат со готовински плаќања. Оттаму велат дека ќе следуваат и дополнителни контроли со примена на индиректни методи за утврдување на прикриениот промет и неплатениот данок.