Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Одложено судењето за штипјанецот кој со нож ја уби мајка си среде ноќ

Наодот од вештачењето на доказите За обвинителката, одложувањето на судењето во рок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наодот од вештачењето на доказите За обвинителката, одложувањето на судењето во рок од 5дена и тоа од лице кое директно е засегнато во постапката се премногу, бидејќи во извештајот самите вешти лица јасно го имат сублимирано она што претходно го навеле како наод.

Одложено судењето на 54-годишниот штипјанец, кој ја уби сопствената мајка. Обвинетиот за фемицид, Стојанче Зарков, побара одложување од неколку денови, за да може да го протолкува извештајот од вештачењето на ножот и наодите од ДНК анализите, кои обвинителката ги достави до судијата, пред самиот почеток на судењето. Претходно од страна на адвокатот на обвинетиот беше побарана 15минутна пауза, за и тој да го разгледа вештачењето. Бранителот ја сфати содржината на доказите, но не и обвинетиот.

–Дали Ви, се доволни три дена?праша судијата Сашко Ѓоргиев.

Реклама

-Не знам…ако може 5-6дена? одговори обвинетиот Стојанче Зарков.

   “На сечивото од ножот има крв од Марија Заркова, а додека на рачката од ножот има ДНКпрофил кој припаѓа на обвинетиот„ рече обвинителката Тања Кацарова.

Убиството на 84 годишната штипјанка Марија Заркова, се случи на 8 август во утринските часови во семејната куќа, каде двајцата живееле во заедница. Според обвинителниот предлог во дадениот момент Стојанче, бил  во алкохолизирана состојба кога неколку убоди од нож ја лишил од живот својата мајка .