Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Скопјани по две години повторно со субвенции за инвертер клими

Скопјани по една година чекање ќе ги добијат субвенциите за купените инвертер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопјани по една година чекање ќе ги добијат субвенциите за купените инвертер клима уреди. Градоначалникот на Скопје, Ѓорѓиевски ги потпиша решенијата со кои 146 домаќинства што инвестирале во набавка на високо ефикасни инвертер клими во 2025 година, конечно ќе добијат по 20.000 денари. За нова клима, купно аплицирале 182 граѓани, а 36 биле одбиени. Граѓаните задоволни. За нив ваквата мерка значи пониски трошоци и растоварен семеен буџет, повисока енергетска ефикасност и значително подобри услови за живеење. Во исто време тоа што нема да се грејат на дрва, велат ќе влијае и на намалувањето на загадувањето на воздухот. За Ѓорѓиевски со инвестирањето во клима уредите, градот прави чекор напред кон почиста и поздрава животна средина.

„Со намалена потрошувачка на енергија и пониско ниво на емисии, тие директно придонесуваат кон заштита на воздухот и создавање поеколошко и одржливо Скопје. Во периодот што следи, ќе продолжиме со нови јавни повици за субвенции, со цел да го олесниме секојдневието на нашите сограѓани и да го направиме нашиот град подобро место за живеење“, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Градските власти не запираат тука. Паралелно подготвуваат нови мерки – од субвенции за еколошки уреди до енергетски ефикасни решенија што треба да го направат Скопје поодржлив град. За наредната година покрај за инвертер, планирани се и субвенции за топлотни пумпи. Ѓорѓиевски најавува дека во иднина ќе се работи и на проширување на мрежата на Топлификација, со што парното греење ќе стане достапно и за домаќинствата во деловите од градот кои со години немаат таква можност. Со тоа, велат од Градот, се поставува основа за долгорочни еколошки политики, кои треба да донесат почист воздух и пониски трошоци за скопјани.