Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Прилози

Mакедонскиот и словачкиот министер за финасии се согласија за засилена соработка за даночните затајувања

Буџетот е ликвиден, а сите задолжувања кои се прават се согласно планираниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот е ликвиден, а сите задолжувања кои се прават се согласно планираниот календар. Министерката за финансии испрати порака дека народната каса е во добра кондиција и повика ако е потребно и државните ревзори да направат увид во состојбите. Проблемите на кои реагираат граѓаните и бизнисот дека државата бавно прави поврат на ДДВ, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, тврди биле од технички апсект и се работи за да се надминат.  

  • Во однос на повратот на ДДВ, во континуитет повторувам дека нема задоцнување освен таму каде што има дополнителни проверки во УЈП. Вие велите девет месеци, а јас можам најодговорно да тврдам дека во Министерството за финансии не постојат налози кои стојат девет месеци. Такво нешто е невозможно. Ако сакате повеќе податоци, да се обратите во УЈП. Ние и во текот на вчерашниот ден разговаравме тука, каде е проблемот. Проблем во Министерството за финансии, најодговорно тврдам, нема. Ако некој мисли дека има, го повикувам Државниот завод за ревизија веднаш да влезе по оваа дискусија и да провери дали во системот стојат налози за „Мој ДДВ“.

Подобрувањето на државните системи е проблем кој не може да се реши за два месеци, смета министерката, но имплементацијата ќе одговори соодветно и за даночната евазија со е-фактури. Тие искуства Македонија ќе ги „краде“ од Словачка каде веќе даночните услоги се електронски. Словенечкиот колега на Димитриеска Кочоска не крие дека и тие ќе треба да учат од Македонија во делот на даночните затајувања и начинот како да се надмине тој проблем.

  • „Ние работиме на тоа, но тоа не е процес што може да заврши за два масеца, знаеме сите. Кажа и мојот словачки колега како ги решиле проблемите во неговата земја – со воведување е-фактура. Тоа е еден од чекорите. За жал, ние сега ја воведуваме е-фактурата која можеби требаше да се воведе многу поодамна и ако се воведеше многу поодамна, денес немаше да зборуваме дека имаме задоцнувања, дека имаме уште злоупотреби во системот, мораме да проверуваме одредени компании…“- рече министерката за финансии.

Ладислав Каменицки призна дека и завидува што испорачува солидни стапки на економски раст за разлика од неговата држава каде резултатите се многу поскромни

Реклама

Средбата на двајцата министери доаѓа по потпишаниот Меморандум за соработка за развој на пазарите во централна и југо-источна Европа помеѓу Македонија и седум земји членки на ЕУ. Потпишаниот документ ќе значи интеграција на финасиските пазари, создавање подинамична економска средина и нови извор на капитал за привантиот сектор.