Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

МОН објави резултати од конкурсите за стипендии за социјална поддршка на средношколци и за запишани во дуалните паралелки

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од Конкурсот за доделување 900 стипендии за социјална поддршка на ученици од јавните средни училишта во државава и од  Конкурсот за доделување 1570 стипендии за ученици запишани во дуалните паралелки (стручно образование во кои се  реализира практично образование со зголемен број  часови), за учебната 2025/2026 година.

МОН во  објавата наведува дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и нагласува дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори ниту да доставуваат жалби пред да добијат решение. Откако ќе добијат решение, за малолетните апликанти жалбата треба да биде поднесена од родител/старател. 
 
-По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на Бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ кат 11), соопшти МОН.

Средношколците кои ќе добијат стипендија, пак, не треба да доставуваат испечатени и потпишани договори, нивните права и обврски во врска со  користењето на стипендијата се наведени во решението.