Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Сиљановска-Давкова: Настаните околу владата на Жељазков влијаат и на односите со Македонија

Масовните протести во Бугарија, како и барањата за нови предвремени избори  по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Масовните протести во Бугарија, како и барањата за нови предвремени избори  по неуспешниот обид да се изгласа буџетот во бугарското собрание, се очекува да се одразат и кон акртуелните прашња. Според претседателката Сиљановска, со доаѓањето на премиерот Росен Жељазков се појавила извесна надеж за поголема политичка стабилност во регионот, но сега Македонија ќе се соочи со нова комплицирана ситуација во билатералните односи.

Се надевам дека да и таму ќе се решат проблемите. Jас не можам да кажам како, дали преку уште едни предвремени избори или со рекомпонирање на самата коалиција, но важно е да има влада која што ќе може да ги води работите во државата. Да, го чув и претседателот којшто повикува на предвремени избори повторно. Тоа е значи бугарската реалност. Што се однесува до нас. Да. Јас деновиве го чув ставот уште еднаш на Европскиот Совет врзан за нас, односно за спроведувањето или за уставните измени како услов за одржување на втората меѓувладина конференција, изјави Сиљановска – Давкова. 

Во однос на барањето излезни решенија, за Сиљановска доволно е само да се погледнат двата Устава на Македонија и Бугарија и да се види големата недоследноста во делот на уставните гаранции и почитувањето на човековите права.

Реклама

„Значи јас би била прва што ќе бара уставни измени, доколку правата на бугарското малцинство кај нас се загрозени. Меѓутоа не јас, туку телото што го создаде Советот на Европа, а на чии одлуки се повикува и ЕК и Европскиот совет, тоа е Венецијанската комисија, јасно кажува дека ние немаме уставни проблеми во поглед на заштитата на правата на малцинствата, бидејќи сме ги инкорпорирале во Уставот највисоките стандарди, како преку интегрирање на Рамковниот договор во Уставот, а тој е во преамбулата посочен за разлика од нашиот сосед“, изјави Сиљановска – Давкова. .

Претседателката потсети и на предупредувањата од бугарскиот Хелсиншки комитет, кои оценуваат дека не требало да се затвори постмониторинг процесот за Бугарија, бидејќи тоа остава простор за непочитување на човековите права, особено на македонското малцинство.