Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Инклузивна ликовна работилница во Делчево по повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост

По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Националната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево организираше инклузивна ликовна работилница во која заедно твореа ученици од основните и средното училиште, како и корисници од Дневниот центар за лица со попреченост.

Активноста е финансиски поддржана од Министерството за култура и туризам, а се реализира во соработка со деветолетките „Св. Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“, гимназијата, „Методи Митевски – Брицо“, Дневниот центар за лица со посебни потреби и здружението „Бравура Кооператива“.

Директорот на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“, Златко Начовски рече дека декември е месец кога посебно им се оддава внимание на лицата со посебни потреби.

Реклама

-Нашата ликовна работилница е организирана како целосно инклузивна активност. Веруваме дека лицата со попреченост се дел од сите нас, дел од општествениот живот и дека различностите не треба да нè делат, туку да создаваат мостови меѓу луѓето. Делата од денешната работилница ќе бидат донирани во Дневниот центар. Сакам да им се заблагодарам на сите денешни учесници и на нивните ментори што беа дел од оваа активност, истакна Начовски.

Стручно појаснување околу техниката во која работат децата даде Александар Белогаски, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн и раководител на работилницата.

-Учествуваат ученици од основните училишта и средното училиште, заедно со корисниците на Дневниот центар, по повод 3 Декември – Денот на лицата со попреченост. Како и секоја година, денот го одбележуваме со заедничка ликовна работилница. Се твори во техника акрил на платно со димензии 50 на 70 сантиметри. Очекуваме работилницата да биде успешна како и изминатите години. По завршувањето, делата ќе им бидат доделени на корисниците на Дневниот центар, а кога ќе се оформи поголема колекција, планираме да организираме и изложба, истакна Белогаски.

Центарот за култура – Делчево со оваа активност ја продолжува практиката да создава инклузивни културни настани, истакнувајќи дека уметноста е простор што ги обединува различностите и ги поттикнува младите да создаваат заедно.