Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Тошковски: За 24 часа преку „Безбеден град“ регистрирани 110.000 прекршоци, најмногу за брзо возење

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека околу 110.000 прекршоци…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека околу 110.000 прекршоци се констатирани за период од 24 часа во Скопје преку системот „Безбеден град“.

-Тоа е катастрофална бројка. Не ме држете прецизно за бројките, но околу 1000 прекршоци се однесуваат на нерегистрирани возила, околу 5000 прекршоци за поминување на црвено, но најстрашното е што над 90 отсто од вкупната бројка е пречекорување на брзина. Тоа се катастрофални бројки, нагласи Тошковски, одговарајќи на новинарски прашања по Националната конференција за безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа.

-Не би сакал повторно да говорам за тоа што велат експертите и што е праксата и колкав е процентот на луѓе, коишто кога се удрени од страна на возило кое е управувано над 50 км на час гинат секојдневно на улиците. А колкав е процентот на луѓе кои гинат при удар од 30 км на час, а колкав е процентот кои гинат при челен удар со брзина од 70 км на час. Ако се вози 52, а е дозволено 50, тоа е прекршок, а не кривично дело. Но, ако удрите човек со 52 км на час а притоа тој загине, тогаш е кривично дело. Најодговорно тврдам дека не постои сообраќајна незгода со смртни последици која е настаната како последица на почитување на сообраќајни правила, рече Тошковски.

Реклама

Истакна дека во Европа има примери каде што нема никаква толеранција во брзината, како на пример во Швајцарија, Белгија и други држави. Има и примери, рече тој, каде што толеранцијата изнесува до 10 отсто над дозволената брзина, и оти во наредниот период ќе размислиме како ќе го имплементираме тоа кај нас. 

– Во однос на слабостите на системот, констатиравме дека за мал број на прекршоци не соодвевствуваат фактичките податоци во записникот, со идентитетот на оној којшто ја примил пораката. Го знаеме проблемот, беше споделен и на социјалните мрежи, ќе утврдиме точно за причините за истиот и секако ќе го искорегираме. Морам да напоменам дека ова е тест период и целта е да ги запознае граѓаните за она што треба да следи во иднина и воедно да направи проверка на она што сме го утврдиле како системско решение. Битно е дека како Влада сме се нафатиле да имплементираме проект којшто е револуционерен и е системски. Отстранува долгогодишно непреземање на ништо кога говориме за безбедност на сообраќајот на патиштата, посочи министерот. 

Рече дека во овој тест период се опфатени Скопје, Тетово и Куманово како градови, како и Коридорите 8 и 10.

-Во рамки на овој тест период во прва фаза којшто сакаме да го заокружиме, говориме за Скопје, Куманово и Тетово како градови, Коридор 8 и Коридор 10. Имаме технички проблеми со Коридор 8 и 10 коишто се надевам дека за брзо време ќе ги отстраниме во следните две недели. Целта на Владата е да го имплементира овој проект на територијата на цела Македонија. Секој граѓанин – во Свети Николе, Кочани, Тетово, Јажинце, Охрид, Струмица – заслужува да живее во град каде што безбедноста ќе биде кребара на повисоко ниво. Проектот ќе се имплементира согласно бројот на возила, бројот на жители и статистиката за сообраќајни незгоди. Има повеќе критериуми според кои ќе се водиме во фактичката имплементација, рече Тошковски.