Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Царинската испостава Пошта доби скенер за пратки – полесно ќе се детектира шверцот со оружје, дрога и експлозиви

Илјадници пакети и пратки,  од денес ќе бидат детално проверувани преку новиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илјадници пакети и пратки,  од денес ќе бидат детално проверувани преку новиот рентген поставен во Царинската испостава во Пошта. Од играчка порачана преку интернет, па се до опасен товар што криминалците и терористички групи ќе сакаат незабележано да го протнат. Низ скенерот ќе минуваат стотици пратки во минута, а со помош на вештачка интелегенција операторите ќе добиваат сигнал за секаква сомнителна пратка. На овој начин ќе се спречи трговијата со огнено оружје, муниција, дрога и експлозиви низ Западен Балкан.

„Во време на рапиден пораст на е-трговијата, високата количина на пратки претставува потенцијална опасност за користење на поштенските пратки за дистрибуција на недозволени стоки како што се дроги, експлозиви и оружје. Оттука, спречувањето на користењето на е-трговијата како канал за дистрибуција од страна на криминалците е од исклучителна важност за ефикасно справување со безбедносни закани“, изјави Бобан Николовски – директорот на Царинска управа.

Царинските службеници и вработените во Пошта со новата машина ќе можат да разликуваат органска материја, од метал и пластика, да препознаваат потенцијални делови од огнено оружје, муниција или експлозив, па дури и кога се сокриени во двојно дно или во густи пакувања со други производи.

Реклама

„Важно е колку е истренирано окото на оној кој ја гледа сликата. Можеби обичен набљудувач нема да забележи разлика помеѓу овие боци, но трниран оператор ќе види дека бојата е различна, доколку едното е обележано со органска, а другото со неорганска, а ја имаат залепено истата налепница“, изјави Киро Цветков – програмски офицер во канцеларијата на ОН за дрога и криминал.

За директорот на Македонска пошта Орхан Куртиши, скенерот е од исклучително значење за поштенското работење.

„Живееме во време во кое секојдневно се соочуваме со сериозни закани предизвикани од криминални мрежи вклучени во трговија со забранети супстанци, оружје и дрога. Од тие причини, оваа донација е од голема важност за нивно непречено откривање материи и предмети, до пратки“, изјави Орхан Куртиши, директор на Македонска пошта.

Рентген платформата е произведена од американската компанија „Астрофизикс“, а во рамки на проектот „Хермес 2“ веќе се спроведуваат и обуки за операторите што ќе работат со новиот уред, но и активности за подобрување на соработката меѓу Царината, МВР и Јавното обвинителство. Онлајн купувањето по пандемијата постојано расте, а со тоа и обидите криминалните групи да внесат забранети материи преку поштенски пратки. Новиот скенер, како и донираната опрема, се обезбедени со поддршка од Германија, Шведска, Холандија, Франција, Обединетото Кралство и Норвешка преку Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.