Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Нормализиран железничкиот сообраќај, прекинат бојкотот во МЖ Транспорт

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Железничкиот сообраќај во државава од ноќеска е нормализиран откако Синдикатот на машиновозачи на Македонија го прекина бојкотот по преговорите што се одвивале синоќа со раководството на МЖ Транспорт и претставници на Министерството за транспорт. 

– Имавме преговори кои вродија со плод,  дел од барањата се исполнети и колегите одлучија за да не се прават дополнителни трошоци и  бојкотот засега да се прекине. Сообраќајот е нормализиран ноќеска во 01.30 часот. Првиот  воз замина за Кумано во 4.57, изјави Тони Димовски, претседател на  Синдикатот на машиновозачи на Македонија и претставник на машински и извршен персонал во МЖ Транспорт.

Димовски најави дека ќе продолжи дијалогот со раководството.

Реклама

Спорд Димовски, во тек на бојкотот, што почна вчера во 13.30 часот, биле стопирани сообраќања на пет патнички воза, два за Битола, и по еден за  Куманово, Гевгелија и за Велес, додека кај товарните возови немало застои освен задоцнувањата поради активности на пругите.

До раководството на железникото претпријатие на 2 октомври биле доставени 15 барања, а откако немало исход донесена е одлука за бојкот. Дел од барањата се исплата на прекувремени часови, бонус плата за над 150 прекувремени часови, покачување на коефициентот за 0.80 поради зголемени животни трошоци, исплата на додаток од 10 отсто на платата за вонредно повикување на работа.