Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Тројца обвинети за закани и загрозување на сигурноста на градоначалникот на Кавадарци, за еден предложен притвор

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против три лица поради закани упатени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против три лица поради закани упатени кон градоначалникот на Кавадарци. Првообвинетиот се товари за продолжено ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем (член 394-г), како и за загрозување на сигурноста (член 144). Второ- и третообвинетиот се товарат за загрозување на сигурноста.

Според обвинителството, првообвинетиот подолг период на својот Фејсбук-профил објавувал содржини со говор на омраза, навреди, повици за насилство и смртни закани насочени кон градоначалникот, поттикнувајќи омраза по политичка припадност и општествен статус. Тој објавувал и фотографии од оштетениот и неговите малолетни деца, при што се заканувал и кон нив. Дополнително, на социјалните мрежи споделувал видеа во кои пукал со автоматска пушка и пиштол.

Од јули годинава, како што стои во обвинението, започнал и телефонски – преку повици и пораки – директно да му се заканува на градоначалникот и неговото семејство.

Реклама

Второобвинетиот дел од заканите телефонски ги пренесувал во име на првиот обвинет, додека третообвинетиот коментирал под Фејсбук-објавите, упатувајќи закани со убиство кон градоначалникот.

Обвинителството утврдило дека кај првообвинетиот, кој има и македонско и бугарско државјанство, постои опасност од бегство, но и ризик да ги реализира заканите, па до Основниот суд во Кавадарци поднесе посебен предлог за определување мерка притвор.