Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Јаневска: Проблемот сo „петките“ кај учениците го лоцираме кај родителите

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Проблемот со „петките“ во земјата е навистина сериозен и од моето долгогодишно, веќе пет-шест години со контактите со наставниците, тој генерално се лоцира кај родителите. Токму и ова кампања е во тој правец за да им кажеме на оние родители кои инсистираат нивните деца да добиваат високи оценки без соодветно знаење дека де факто им прават голема штета прво на своите деца, а потоа и на целото општество, изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во одговор на новинарко прашање за надминување на проблемот со влијанието на родителите во оценувањето на децата.

Според министерката, послабата оценка не е казна, туку треба да биде мотив за постигнување на одредени компетенции, вештини и квантум на знаење кој ќе му помогнат во животот на детето.

-Ако тое е задоволно од својот труд, од своите постигнувања ќе биде задоволно и целото општество, иако тоа е масовна појава. Има неколку мерки кои досега сме ги презеле-на пример со Е-дневникот, со разни програми со кои се обидуваме да влијаеме на разни стереотипи и предрасуди и ќе продолжиме во ист правец, рече Јаневска.

Реклама

На уште едно новинарско прашање за потребата од воведување на приемен испит на факултетите, министерката Јаневска рече дека не е забрането да се одржуваат приемни испити на факултетите и тие сами можат да донесат одлука за такви нешто.

-На пример, на Архиотектонскиот факултет се одвива некаква претквалификација, дури и обука за испит, меѓутоа според ЕУ , а и нашиот систем кој сега ние го направивме, децата имаат матура и неправедно е да имаат две скалила на елиминација во нивното напредување во високото образование, смета Јаневска.

Додаде дека е направена измена на матурата според барање на учениците и наставниците и е одвоена државната стручна матура од државната матура која фактички е гимназиска.

-Зошто? Бидејќи, децата во стручните школи имаат помал обем на општо образовни предмети, а оние што се во гимназија имаат повеќе. Тие ќе бидат на исто ниво, двете ќе бидат државни матури и ќе имаат проодност кон високото образование, па и она што јас не сакам да го кажам, но има и такви случаи и за образование во странство. Но, материјалот од општо образовните предмети ги полагаат децата од стручното ќе биде прилагоден на нивните наставни планови и програми, посочи министерката за образование и наука, Весна Јаневска која денеска во Струмица присуствуваше и се обрати на петтиот панел од националната кампања „Магијата е знаењето“ на Министерството за образование и наука.