Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Драматично е во Облешево поради излевањето на Кочанска Река, градоначалникот побара помош за санирање на штетите

Поплавени дворови, куќи, амбари и ниви – ваква е сликата во општината…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поплавени дворови, куќи, амбари и ниви – ваква е сликата во општината Чешиново–Облешево по неколкудневните врнежи од дожд. Најалармантно е во селата Облешево, Спанчево, Чешиново и Чифлик. Излевањето на Кочанска Река речиси го поплави целото Кочанско Поле. Критично е и во домот на осумдесетгодишната Маре Атанасова од село Облешево, која утринава, поради надојдената вода, едвај успеа да излезе од својата куќа.

Опасноста од поплави се следи активно и се прават напори за заштита на домовите. Од раните утрински часови кризниот штаб на оваа мала општина е на терен. Со механизација се тампонираат дворовите полни со вода, а на терен е и Противпожарната единица на Кочани. Градоначалникот на Чешиново–Облешево побара помош од институциите за побрза санација на штетите и стабилизирање на состојбата.

Според мештаните, причината за поплавите, освен природата, ја гледаат и во неисчистените канали.

Реклама

Од понеделник, градоначалникот Костадинов ги повика сите жители кои имаат штета да ја пријават во општината, по што комисија ќе излезе на терен за да изготви извештај за настанатата состојба.