Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Левица: РЕК наместо да го штити јавниот интерес настапува како сервис на монополските компании

Левица остро ја осудува одлуката за најновото поскапување на парното за 5%,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Левица остро ја осудува одлуката за најновото поскапување на парното за 5%, како и најавата за раст на цената на струјата од јануари. Овие одлуки не се само технички бројки во одлуките на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), туку јасен доказ за хроничниот неуспех на Владата во енергетскиот сектор и за растечкиот удар врз стандардот на граѓаните, се вели во соопштението од ПП Левица што МИА гопренесува интегрално. 

Најавата дека ЕСМ ја нуди струјата по 65 евра/MWh целосно ја демантира владината приказна за стабилност и сигурност во снабдувањето. Граѓаните ја плаќаат струјата двапати, преку зголемените сметки и преку буџетски средства со кои Владата ги субвенционира цените, со што ја прикрива штетата од своите погрешни политики и скапи менаџерски одлуки.

РЕК наместо да го штити јавниот интерес настапува како сервис на монополските компании. Со непроблематично прифаќање на нивните трошоци и без реална проверка на ефикасноста, ги претвара своите одлуки во инструмент за озаконување повисоки тарифи на сметка на граѓаните, додека компаниите стопанисуваат со инфраструктура изградена со јавни пари и самопридонес.

Реклама

Во услови на инфлација и растечака енергетска сиромаштија секое ново „само 5%“ покачување претставува директен удар врз достоинствениот живот на илјадници домаќинства. Наместо вложување во домашно производство, обновливи извори и енергетска ефикасност, Владата толерира стареење на мрежата, енергетска зависност од увоз и одлив на профит кон приватен и странски капитал, а народот се третира како „варена жаба“, навикнуван на постепено уништување на сопствениот стандард.

Левица ја одбива оваа политика на тивко варење на народот и бара итно ревидирање на најновите одлуки на РЕК, јавно објавување на пресметките и проектите кои ќе се реализираат со парите од поскапувањето, независна анализа и одговорност за работењето на ЕСМ, промена на методологиите за формирање на цени со вградена заштита на стандардот на граѓаните, воведување на јавни мерки за помош на енергетски сиромашните домаќинства и транспарентни јавни расправи пред секое значајно ценовно поскапување.

Левица ќе продолжи да се спротивставува на политиките кои го штитат профитот на монополите на сметка на граѓаните и ќе се бори за враќање на клучните енергетски компании во рацете на народот.