Реклама
Прилози

Мицкоски: Наскоро ќе се знае дали биле точни информациите за укинувањето на линеарното покачување на платите

Пензионерите остануваат во неизвеснот дали ќе се укине линеарното и ќе се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пензионерите остануваат во неизвеснот дали ќе се укине линеарното и ќе се врати процентуалното покачување.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се надева оти имал погрешни информации и дека уставната судијка Добрила Кацарска не потпишала укивање на покачувањата. Објаснува дека линеарниот раст од шест илјади денари за помалку од две години, одонсно откако тој е премиер, бил со цел да се подобри стандардот на оние со најниски примања.

„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка и оти судијата известител ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линерното зголемување на покачувањето на пензиите за пензионерите од следниот месец. Дали тоа ќе се случи ќе видиме наскоро, дали сум бил во право, дали информацијата била точна или не. Многу скоро ќе добиеме одговор. Јас би сакал да не сум во право. Еве посакувам да не сум во право, но што ако сум во право. Тоагаш кој е тој што прави хаос и кој свесно удира по стандардот на пензионерите. Владата со тие мерки сакаше да го подобри стандардот на повеќе од 330 до 350 илјади пензинери. Некој друг има поинакви намери, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање.

Реклама

Службите на Уставниот суд, пак, реагираа по вчерашната изјавата Мицкоски упатена од собраниската говорница. Тие преку соопштение информираа дека не е донесена конечна одлука за линеарното зголемување. Оттаму велат дека нема постапка за досегашните покачувања туку само за оние кои треба да се прават во иднина.

На седницата одржана на 19 ноември со мнозинство гласови изразен е сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот, а во тек е втората фаза од постапката во која се бараат мислења од доносителот и од предлагачите на Законот, по што ќе следува конечна одлука, велат од Уставен суд.

Минатата власт немаше слух за пензионерите и за нивното барање, пензиите да им растат линерано. Поранешната министерка за труд и социјала Јованка Тренчевска постојано аргументираше дека пензионерите не се право и тие треба да имаат процентуален раст оти морало да се чува стабилноста на Фондот за пензиско осигурување .

Пензионерите излегуваа и на протести поради владините одлуки поврзани со процентуалното зголемувањето на пензиите. Протестираа пред Владата и Собранието. Бараа од пратениците и од министрите на СДСМ и ДУИ линеарно покачување од 5000 денари што всушност го добија од новата влада на ВМРО-ДПМНЕ. Пензионерите протестираа и ги полнеа улиците речиси во секој град во Македонија.

Во меѓувреме, јавноста е поделена меѓу две тези. Едната дека линеарното зголемување е социјално праведно затоа што им помага најмногу на оние со најниски пензии, другата е дека истото тоа зголемување ги оштетува оние кои целиот работен век уплаќале повисоки придонеси и имаат повисоки пензии.