Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Домот за стари лица од Куманово со речиси исполнет капацитет

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово во моментов работи со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово во моментов работи со речиси целосно искористен капацитет, информираа денеска налдежните од установата. Во домот моментално се сместени 162 корисници, што е речиси целосно исполнет капцитет. 

-Секогаш има заинтересирани за сместување. Поради искористениот капацитет, обично периодот на чекање изнесува од месец и половина до два месеци. Апелираме до семејствата на корисниците да бидат трпеливи, затоа што барањата ги разгледуваме според редоследот и можностите што ни се на располагање, изјави Дејан Стојановски.

Податоците укажуваат дека овие установи сè повеќе стануваат потреба и во Македонија која го следи европскиот тренд со процесите на стареење на населението и демографската слика во државата. Месечниот надомест за престој и грижа во домот се движи од 16.000 до 18.000 денари, во зависност од здравствената состојба и потребите на корисникот. Домот инвестира во подобрување на условите со средства од сопствени приходи. Во тек е реконструкција на подрумските простории, кои целосно ќе се пренаменат, а истовремено се врши и дополнително опремување на одредени простории.

Реклама

-Со сопствени средства, во износ од околу 600 илјади денари, целосно ги реконструираме подрумските простории, кои ќе добијат нова намена, наменета за потребите на техничкиот персонал, таму е и коталара, бидејќи установата се загрева на гас, вели Стојановски.

Овие вложувања покажуваат дека установата настојува да одговори на потребите на корисниците. Од 17 до 23 ноември 2025 година, во Домот се одбележува Неделата на грижа за старите лица, со повеќе активности насочени кон подигнување на свеста за потребата од внимание, почит и човечка топлина кон повозрасните. Меѓу активностите беше и посетата од ученици од петто одделение од ООУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово, кои придонесоа со дружење и непосреден контакт со корисниците. 

-Со оваа недела сакаме да потсетиме дека грижата за старите лица не е само институционална, туку општествена обврска. Топла насмевка, краток разговор или мала помош значат многу. Грижата за старите лица е огледало на човечноста на едно општество, изјави Стојановски.

Во рамки на одбележувањето, вработените и дел од корисниците подготвија слатки, симболичен гест со кој беше истакната важноста на заедничките активности, чувството на припадност и меѓусебната поддршка.