Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

„Инклузива“: Мерката бесплатен превоз во Куманово, не е достапна за лицата со попреченост

Мерката бесплатен превоз да биде достапна за сите,  преку инвестиции на приватните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мерката бесплатен превоз да биде достапна за сите,  преку инвестиции на приватните превозници, кои ја спроведуваат општинската услуга,  побараа денеска од здружението „Инлузива“. Иако, во Куманово постои бесплатен јавен превоз за сите граѓани, лицата со попреченост кои користат ортопедски и други помагала во пракса не можат да ја користат оваа мерка поради целосната непристапност на возилата.

– Добрата социјална политика останува само формална доколку не е функционална за сите. Мерката е добра и потребна, особено затоа што голем дел од нашите сограѓани се во тешка економска состојба, а лицата со попреченост се особено ранлива категорија. Но, за жал, тие не можат да ја користат, не затоа што не сакаат, туку затоа што физички немаат пристап до автобусите, вели изјави Благица Димитровска од „Инклузива“ Куманово.

Според неа, постоењето на бесплатен превоз само по себе не значи и инклузија. Напротив, кога инфраструктурата и возилата не се приспособени, мерката создава дополнителна дискриминација.

Реклама

– Не можеме да зборуваме за еднакви можности ако луѓето кои користат инвалидска количка, одалки или други помагала не можат ни да влезат во автобусот, изјави Димитриевска.

Како здружение бараат да се променат критериумите, да се одберат превозници кои треба да имаат возила за сите граѓани. Димитровска споделува искуства од високоразвиените земји каде што со години се користат автобуси со спуштени рампи и автоматизирани платформи кои овозможуваат безбедно влегување и излегување, без разлика дали лицето користи инвалидска количка, бастун или друга помошна опрема.

Од „Инклузива“ најавуваат дека ќе продолжат гласно да укажуваат на проблемот сè додека не се обезбеди реална, а не само декларативна инклузија. 

Бесплатниот јавен превоз во Куманово го користат помеѓу 13 и 16 илјади граѓани.