Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

Димовска-Хрицова: Континуираниот дијалог ќе придонесе за натамошно јакнење на билатералните односи и парламентарната соработка

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, денеска оствари средба со амбасадорката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, денеска оствари средба со амбасадорката на Република Словачка, Ивета Хрицова. На средбата се разговараше за унапредување и продлабочување на соработката помеѓу двата парламента, како на институционално ниво, така и на ниво на пратенички групи за соработка, информираат од собраниската прес-служба.

Димовска ја истакнала посветеноста на Собранието кон јакнење на административните капацитети и размена на добри практики со цел подобрување на ефикасноста и транспарентноста во работата на Службата. Воедно, била нагласена подготвеноста на двете страни за организирање заеднички активности, работни состаноци и студиски посети со цел продлабочување на меѓусебната соработка.

Амбасадорката ја изразила поддршката на Република Словачка за развој на нашата држава и пренесе иницијатива за посилно партнерство помеѓу двата законодавни дома. Таа потенцирала дека редовната комуникација и размената на искуства на ниво на пратеници претставуваат важен сегмент во унапредувањето на демократските процеси.

Реклама

Двете страни се согласиле дека континуираниот дијалог и координација ќе придонесат за натамошно јакнење на билатералните односи и парламентарната соработка.