Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Николоски: Заштитата на Охридското Езеро и басенот на река Црн Дрим е приоритет за Владата

Во услови на забрзано намалување и исчезнување на водните површини и загадување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во услови на забрзано намалување и исчезнување на водните површини и загадување на водите како резултат на климатските промени, неповолната хидролошка состојба и човечката негрижа, Владата превзема мерки за спас на загрозениот езерски екосистем.Со цел нашите природни езера не да ја доживеат судбината на  десетици езера во светот,спроведуваме стратегијата за рехабилитација на природното и културното наследство на охридскиот регион, како и  заштита на сливот на река Дрим-посочива министерот за транспорт и врски,Николоски.

„Чистата вода не е само природно богатство, туку и цивилизациска вредност што го одредува квалитетот на животот и одржливоста на идните генерации. Сливот на реката Дрим, кој опфаќа неколку земји и култури, ја симболизира нашата меѓузависност и колективна одговорност, но е и регион за градење политичка соработка, како и за развој на одржлива економија. Остануваме посветени на заштитата и управувањето со водните ресурси во државата во согласност со приоритетите за економски развој и заштита на природните богатства како и усогласување на директивите на ЕУ”, изјави Александар Николоски-министер за транспорт и врски.

Сите,додава Николоски мора заеднички да се фокусираме на борбата против различните форми на загадување на водата и да создадеме еколошки пристап што ќе произведе здрави екосистеми и долгорочна безбедност на водата. Водите на Охридското Езеро се важен економски двигател,а сливот на реката Дрим е регион со огромен капацитет за развој на инфраструктурата и туризмот.Во тој контекст конечно после 60 децении на испустот кај реката Дрим во Струга ќе се направи најсовремен систем за регулација на протокот на вода од Охридско.

Реклама

“Се трудиме максимално пред се да биде запазен биолошкиот минимум низ коритото на реката Црн Дрим, да биде запазен живиот свет, внимателно се трудиме да го растеретуваме езерото во некои периоди на високи водостои кои што доаѓаат непланирано за да се заштити охридското крајбрежје и нашиот регион од можни поплави”-вели Гоце Божиновски -Директор на ХЕЦ Глобочица Струга

Експертите дополнуваат дека покрај мерките за адаптивно управување со езерото во услови на драстично променети климатски услови,најважно од се’ е да се ревидира договорот со Албанија кој е стар 70 години. На денешиот состанок на експертско ниво за заштитата на сливот на река Дрим и Охридското сливно подрачје Николоски се осврна на  акционите планови кои ги реализираат во насока на заштитата на природните ресурси.