Реклама

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Криминална група од Скопје пренасочила над два милиони евра од технички прегледи во приватни џебови – Голема полициска акција

Скопје ќе светне – пристигнаа новите комунални возила

Бугарски пасош како штит за правење криминал: И осудениот Михаилов тврди дека е невин

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Македонија

Хасани и Ковачевски на Конференција во Ерменија за развивање стандарди за парламентарен интегритет

Собраниска делегација составена од пратениците Илир Хасани, член на Комисијата за деловнички…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Собраниска делегација составена од пратениците Илир Хасани, член на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања и Димитар Ковачевски, член на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, нa 24 и 25 ноември 2025 година во Ереван, Република Ерменија, учествуваа на Конференција на тема: Развивање на стандарди за парламентарен интегритет во фокусот на ЕУ – Источното партнерство и перспективата на ОБСЕ регионот, во организација на ОДИХР и Собранието на Република Ерменија.

На конференцијата беше разговарано за интегритетот во политиката и улогата на парламентите како клучни демократски институции, за кодексите за пратеници како алатка за унапредување на парламентарната етика, за судирот на интереси, етичките норми, борбата со дискриминацијата и насилството во политиката.

Пратеникот Димитар Ковачевски во своето излагање потенцираше дека нашата држава направила големи чекори со носењето на регулутивата за парламентарна етика и интегритет и се осврна на предизвиците со кои се соочиле при подобрување на механизмите за интегритет како и за тоа како етичките кодекси влијаат врз перцепцијата на граѓаните за политичарите.

Реклама

На Конферецијата зедоа учество пратеници, членови на надлежните комисии од Парламентите на Ерменија, Португалија, Украина, Молдавија, Велика Британија, Шведска, Германија и Србија, како и експерти од ОДИХР, ГРЕКО и Советот на Европа.