Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

ЈП „Чистота и Зеленило“ ќе ги чисти улиците од снег во Куманово

Куманово нема да ангажира приватна компанија за расчистување на улиците од снег,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Куманово нема да ангажира приватна компанија за расчистување на улиците од снег, сите активности ќе ги извршува јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“, соопшти денеска претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Предлог точката ќе ја разгледуваат советниците на наредната седница на советот, кои ќе одлучуваат да одвојат дополнителни средства на претпријатието за оваа намена во вредност од пет милиони денари. Со претходно одобрените средства, целокупната програма за зимско одржување на сообраќајниците ќе изнесува 13 милиони денари.

– Се проширува програмата со дополнителни дваесет улици во Куманово. „Чистота и зеленило“ се спремни и имаат набавено сол, средства за одмрзнување, во оптек се три камиона кои претходно беа доделени на трајно користење од страна на Општина Куманово, претседателката на советот, Ивана Ѓорѓиевска.

Реклама

Според неа, претпријатието може да ја реализира програмата со оглед на претходно набавената механизација. Во програмата предвидено е чистење на снег од двата плоштада и паркинг простори пред институциите и установите доколку висина на снег не надминува 12 сантиметри, пробивање на патеки пред пешачки премини, како и чистење на снег од автобуски постројки.

Општината изминативе години распишуваше тендер за зимско одржување, каде покрај јавното претпријатие, учествуваше и приватна фирма која обично чистеше во руралните делови од градот.