Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Средба помеѓу висока делегација на МВР и Амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати акредитиран за земјава, Абдула Атеек Алсубоуси

Висока делегација на Министерството за внатрешни работи, составена од шефот на кабинетот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Висока делегација на Министерството за внатрешни работи, составена од шефот на кабинетот на министерот Ристо Ставревски и државниот советник во кабинетот на министерот Владимир Велковски, денеска во име на министерот Панче Тошковски оствари работна средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Обединетите Арапски Емирати со седиште во Рим Абдула Али Атек Обаид Алсубуси кој во периодот од 24 и 25 ноември е во официјална посета на нашата земја.

-На средбата беше потврдено дека билатералните односи и соработка меѓу Македонија и ОАЕ се со висок степен на пријателство и меѓусебно разбирање со голем потенцијал за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, која особено се интензивираше со склучување на меморандумите за разбирање за борба против тероризам и за меѓусебно признавање и размена на возачки дозволи, информираат од МВР.

Ставревски ја истакнал и се заблагодари за поддршката и посветеноста на Владата на Обединетите Арапски Емирати, а особено на Министерството за внатрешни работи на оваа, како што рекол, пријателска земја на развојот на капацитетите на Министерството во борбата против организираниот криминал и екстремизмот, изразувајќи увереност дека истата ќе продолжи со несмален интензитет и во иднина.

Реклама

Меѓу другото, на средбата било истакнато дека акцентот на билатералните односи меѓу  двете држави е ставен на унапредување на економската соработка, особено, на привлекување арапски инвестиции во нашата земја.