Реклама

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Прилози

Се отвора ресурсен центар за развој на општините

За првпат општините и градоначалниците ќе можат на едно место да побараат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За првпат општините и градоначалниците ќе можат на едно место да побараат и добијат помош, насоки и експертска поддршка за реализација на проектите. Владата го промовираше новиот Ресурсен центар, тело што треба да ја олесни работата на локалната самоуправа и да ги подобри услугите за граѓаните. За министерот Перински, ова е конкретен одговор на долгогодишните проблеми што ги кочат општините. Замислата е центарот да биде мост помеѓу општините и централната власт.

„Овој ресурсен центар ќе ги канализира и сите оние донаторски средства кои што се влеваат во Македонија, а се насочени кон помош и поддршка и регионалниот развој. Ќе се креираат предлог решенија во делот на дигиталните алатки, ќе се креираат брошури, практични брошури кои што би требало на градоначалниците да им дадат еден концепт една можност одблиску да се запознаат со процесите кои што ги чекаат во нивните градоначалнички мандати“, изјави министерот за локална самоуправа Златко Перински.

За премиерот Мицкоски центарот претставува значајна додадена вредност за ефективно спроведување и реализација на проектите кои веќе се реализираат со парите од поволниот унгарски кредит. Преку него ќе се обезбеди и клучна поддршка во надзорот и ќе биде од голема помош во следењето на резултатите, и обезбедување на брзо и квалитетно носење на одлуки.

Реклама

„Затоа, сакам да упатам јасна порака до секој градоначалник, без разлика дали води голема урбана општина или мала рурална заедница: разгледајте ги можностите кои ги нуди Ресурсниот центар, користете ја поддршката, побарајте експертска помош таму каде што постојат предизвици или недостиг на капацитети. Ова не е слабост – ова е мудрост во управувањето.“, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски. 

Во креирањето на ова значајно тело, покрај Владата и Министерството за локална самоуправа, работеле и голем број експерти и донатори. Центарот е конципиран како институционален механизам кој ќе овозможи долгорочна, одржлива и стручна поддршка за општините во државава, преку обезбедување специјализирани услуги во областа на административниот менаџмент, планирањето на локалниот и регионален стратешки развој, подготовка на техничка документација и капитално и финансиско планирање и управување, техничка експертиза, јакнење на меѓуопштинската соработка, подготовка на проектни апликации и искористување средства од меѓународни фондови.