Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Јаневска: Постигнавме широк консензус во кој правец ќе делуваме за развој на македонското образование во иднина

Дојдовме до крајот на една важна задача што ја поставивме пред 6…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дојдовме до крајот на една важна задача што ја поставивме пред 6 месеци и наскоро успешно ќе ја заокружиме. Имаме нова Стратегија за образование со рок на имплементација од 2026 година до 2032 година, истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска во обраќањето во Владата каде што се претставува новата стратегија за образование за наредните шест години.  

Ја изработивме заедно сите тука присутни и сакам да Ви се заблагодарам на сите – на Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, Државниот испитен центар, Државниот просветен инспекторат, лично на повеќе универзитетски професори, невладиниот сектор и ќе ми простат другите доколку некого испуштив, а сите се подеднакво важни и имаат значаен придонес во изработката на документот. 

Постигнавме широк консензус во кој правец ќе делуваме за развој на македонското образование во иднина и сметам дека отстапки не треба да има. За помалку упатените кои се присутни денес тука, сакам да напоменам дека оваа стратегија не насочува кон целосно спротивна страна. Напротив, таа е надополнување на досегашната, но ги адресира предизвиците кои досега постоеја и се осврнува на новите глобални образовни трендови.

Реклама

Особен фокус ставаме на развој на нов програма за предучилишно образование, инклузија во основното и средното образование, инфраструктурата каде клучен момент е оптимизацијата на училишната мрежа и воведувањето на едносменска работа. Следува примена на нова концепција за гимназиско и за стручно образование, нов модел на државна матура. Акцент ставаме и на неформалното образование како концепт на доживотно учење, на примена на нови формули за финансирање на основното и средното образование, нова законска регулатива во високото, развој на кадровските капацитети на МОН и така натаму.

Во првите две години, Стратегијата ќе биде насочена кон целите кои Македонија треба да ги исполни согласно Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската унија. Како Влада ќе се погрижиме да ги обезбедиме сите средства неопходни за остварувањето на мерките, проектите и активностите насочени кон достигнување на индикаторите.

Секако дека и пошироката јавност и секој кој досега не дал придонес, има можност да учествува во креирањето на најдобрата верзија на овој стратешки документ заедно со пропратните акциски планови, затоа што истиот од утре ќе биде објавен на владиниот ЕНЕР систем и достапен за коментари, сугестии, забелешки, пред конечното усвојување од Владата.

Благодарност до сите што учествуваа досега во процесот и како што посочив и на претходната наша средба, посакувам енергијата што и досега ја имавме, ентузијазмот со кој и досега работевме, да останат на исто ниво. Тоа ќе гарантира успех, а тој ќе значи поквалитетен национален образовен систем на среден рок.