Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Анализите се готови и покажуваат дека човечки фактор е причината за пожарите кои во летниот период ја пеплосуваат Македонија

Човечкиот фактор е најчестиот причинител за појава на пожари, а најризични се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Човечкиот фактор е најчестиот причинител за појава на пожари, а најризични се подрачјата околу земјоделските површини. Ова го покажуваат анализите на Локалниот граѓански активизам „Плачковица“, кој подготви стратегија за заедничко делување на општините Штип, Карбинци, Конче и Радовиш во превенцијата од пожарите на отворено. Како клучни превентивни мерки, од невладиниот сектор ги издвојуваат дефинирањето на ризичните зони и формирање пунктови за брза интервенција.

„Превентивните мерки се дефинирање на зони, пробивање на патишта, расчистување на оние места каде што има потенцијал за развој на пожар, санирање на земјоделските површини. Мора да се подигне јавната свест – забрането е спалување на земјоделски отпад, особено во шумските предели, и создавање пунктови кои ќе бидат поддршка при справување со пожари“, изјавија од Локалниот граѓански актив Плачковица од Радовиш“, изјави Столе Ѓорѓиев, претседател на ЛАГ „Плачковица“.

Во четирите општини опфатени со стратегијата, само Штип и Радовиш имаат противпожарни единици. Иако кадарот е обезбеден, надлежните предупредуваат дека е неопходно доопремување на единиците, особено во делот на раното откривање пожари. Командирот на штипските пожарникари посочува дека недостатокот од опрема е сериозен предизвик.

Реклама

„Недостасуваат дронови, како и усовршување за откривање на раните пожари. Недостасува и опрема, како мешиња, метли и возила“, изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ Штип“, изјави Благој Ренџов, командир на ТППЕ Штип.

Според анализите на „Национални шуми“, само ова лето во пожарите што ја зафатија државата изгореа околу 17.107 хектари, а штетите се проценуваат на околу 50 милиони евра. Годинава најголем и најсилен беше пожарот на планината Готен, каде што беа опожарени 1.948 хектари, со проценета штета од околу 224.000 евра.