Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Полициска акција во Штип – приведени десетина вработени во УЈП и пазарна осомничени за трагедијата во „Пулс“

Нови апсења за трагедијата во Кочани во која загинаа 63 млади, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови апсења за трагедијата во Кочани во која загинаа 63 млади, а над 200 беа повредени. Приведени се единаесет вработени во УЈП и Државниот пазарен инспекторат.

Според првичните информации, најмалку шестмина од лицата се уапсени, а против сите се покренати кривични пријави за разни кривични дела – од злоупотреба на службената положба, примање поткуп, до фалсификување исправи. Неофицијално, меѓу приведените има поранешни раководители на УЈП, кои во одреден период биле и претседатели на ОО на СДСМ во Штип, како и блиски роднини на судијка и поранешен министер.

Освен од Штип, меѓу приведените има вработени и во подружниците на УЈП во Струмица и Кочани. Како што потврди денеска главниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, вчера и денес се спроведуваат интензивни активности, вклучувајќи приведувања и претреси на лица опфатени со кривичната пријава.

Реклама

„Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица вработени во УЈП, поврзани на некој начин со кочанскиот предмет. Во текот на минатиот ден и денеска се преземаат одредени дејствија, приведени се околу десетина лица и во моментот се вршат претреси на лица опфатени со кривичната пријава“, изјави главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.

Коцевски појасни дека во акцијата се користат и електронски комуникации како доказен материјал. Обвинителот објасни дека овој предмет не може да се спои со истрагата за пожарот во дискотеката, бидејќи се работи за различни кривични деликти.

„Овој предмет не може да се спои со сегашниот – кочански предмет, затоа што овде не е поврзаноста на штетната последица, односно смрт. Ова се кривични дела за злоупотреба, давање и примање поткуп што нема врска со овој кривичен-правен настан, односно со предметот што е во тек во моментот“, изјави Коцевски.

Вчера во судницата Идризово започна судењето за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, дискотеката „Пулс“. Ново рочиште е закажано за наредниот вторник. На обвинителна клупа седнаа 35 физички и 3 правни лица.