Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Економија

Никица Мојсоска-Блажевски во „Бизнис-клуб“: „Вклученоста на бизнис-заедницата, инвестициите и мотивираноста на наставниот кадар се предуслов за квалитетно образование

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е д-р…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е д-р Никица Мојсоска-Блажевски, главен извршен директор на „Македонија 2025“, потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора, експерт со повеќе од 20 години искуство во креирањето економски политики и институционални реформи и во деловниот менаџмент и лице кое одлично ги познава и јавниот и приватниот сектор, се наведува во соопштението на Стопанска комора на Република Северна Македонија.

Во фокусот на разговорот се состојбите во образовниот систем и значењето на бизнис-заедницата во образовните процеси.

Професионалната кариера ја започнува во Министерството за финансии, а по завршувањето на докторските студии на Универзитетот „Стафордшир“ во Велика Британија добива раководна функција во Одделот за макроекономска и развојна политика и активно учествува во процесите на преговори со ММФ и со Европската комисија. Во 2009 година преминува во академскиот сектор како универзитетски професор, а подоцна и како декан на Универзитетот „Американ колеџ“ Скопје. Во рамките на академскиот развој реализирала и постдокторски студии на Државниот универзитет во Аризона, САД. Зборувајќи за разликите меѓу Универзитетот „Американ колеџ“ и другите високообразовни институции во земјава, д-р Мојсоска-Блажевски го нагласува силното партнерство со бизнис-заедницата – вклучување на бизнис-заедницата во креирањето на студиските програми и на практичната настава и во стекнувањето знаење кое ќе има применливост во праксата и во реалниот живот. 

Реклама

„Кај нас фокусот се става на праксата. Бизнис-заедницата преку Бизнис-советот директно е вклучена во формулирањето и во воведувањето на студиските програми, во организацијата на практичната настава, како и во дефинирањето на магистерските и на докторските тези, со што истражувањата се насочуваат кон реалните потреби, што е основа на западниот модел на образование“, истакнува таа.

Според неа, во споредба со другите универзитети каде што студирала, на многу наши универзитети недостига отвореност спрема програмите, постои отсуство на вклученост на бизнис-заедницата, а минимална поврзаност со економијата, како и претерана теоретска ориентација на наставата, без доволно практични содржини.

Во разговорот посочува дека предуслов за квалитетно образование се поголеми инвестиции во образованието, мотивација и кај наставниот кадар и кај учениците, но и подигнување на угледот и на достоинството на наставничката професија.

Во текот на својата професионална кариера секогаш била поддршка за бизнисот. Нејзината силна врска започнала уште во јавната администрација, работејќи на полето на макроекономската и развојната политика, каде што имала интензивна комуникација со бизнис-заедницата и можност да се запознае со предизвиците со кои се соочувала таа, па затоа смета дека ѝ е потребна поголема поддршка и создавање поволна бизнис-клима. 

„Бизнисите се тие кои ја движат економијата, кои ги плаќаат даноците и кои на сите ни овозможуваат придобивки – здравствено и пензиско осигурување“, вели д-р Мојсоска-Блажевски.

Овој ангажман со бизнис-заедницата продолжил и преку нејзиното работење како професор и како декан на факултет, со разбирање и со интегрирање на потребните вештини и компетенции во студиските програми, преку кои се создава стручниот кадар поткован со академски знаења, но и со практични вештини и компетенции. Оваа мисија ја продолжува и денес како главен извршен директор на „Македонија 2025“, преку воведување разни програми и иницијативи што го поддржуваат развојот на македонските компании.

Во поткастот открива и дел од своите лични интереси, меѓу кои и љубовта спрема скијањето, спорт со кој учествувала на две светски првенства. За неа скијањето не е само физичка, туку и вистинска ментална активност.