Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Штипските студенти на пракса во општината: младите задоволни, надлежните веруваат дека така ќе ги задржат дома

Практичната настава за секој студент е клучна во образовниот процес. Волонтирајќи, им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Практичната настава за секој студент е клучна во образовниот процес. Волонтирајќи, им се овозможува да стекнат конкретни вештини, но и да се подготват за пазарот на труд, вели Искра Апостолова, студентка од трета година на Правниот факултет, при УГД. Таа е дел од првата група што ќе волонтира во Општина Штип. Од УНДП, посочуваат дека ваквите програми ја зголемуваат конкурентноста на младите и го намалува одливот на кадар, мотивирајќи ги да останат и да градат кариера дома.

„Праксата верувам дека е клучна за секој студент, особено во периодот додека студираме. Ќе ја поткрепиме теоријата што ја знаеме и претпоставувам дека секој студент сака одблизу да види како функционира Локалната самоуправа и кои се нејзините предизвици“, изјави Искра Апостолова, студент на УГД“,

„На еден начин да помогнеме во процесот на спречување на одлевање на умот и образованиот кадар од државата, односно што повеќе млади луѓе да се задржат во државата со стекнување на практични искуства и започнување веднаш во работниот процес“, изјави Драган Ристовски, од УНДП.

Реклама

Студентите од Правниот, Економскиот и Факултетот за образовни науки ќе волонтираат три месеци, по четири часа, три дена во неделата. За својот ангажман ќе добиваат надомест од 6000 денари. Во наредниот период се прават напори програмата да се прошири и да вклучи други факултети и институции.

„Со проектот сакаме да ги отвориме вратите на општината, да го покажеме принципот на работа и истите да се стекнат со предзнаења и да бидат подготвени за моментот кога ќе почнат со нивното официјално вработување“, изјави Вишна Шорова Ангелова, секретар на Општина Штип.

„Она што е битно, разговараме понатаму оваа програма да биде проширена и во делот на техничките факултети согласно барањата и потребите на општината“, изјави проф. Дарко Лазаров.

Во првиот циклус ќе бидат вклучени девет студенти, а се планира програмата да биде понудена на други општини и универзитети.