Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Почна уривањето на руинирани и запоставени објекти во Штип

Започна да се рушат старите и руинирани објекти во Штип. Со градежна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Започна да се рушат старите и руинирани објекти во Штип. Со градежна механизација се рушат зградите кај хотелот „Гарни“ и поранешното Нервно одделение, каде до вчера живееја ромски семејства кои сега се преселија во новите типски куќи во населбата Мирјанина Црква. Со години овие објекти беа дувло на глувци и отпад, а кај децата и возрасните се ширеше жолтица и шуга.

„Продолжува рушењето на руинираните објекти, овојпат во централното градско подрачје. Долгогодишното барање на жителите на Штип да се уреди еден простор, кој со години наназад беше руиниран, конечно се реализира. Морам да потенцирам дека овде беа сместени ромски семејства кои во меѓувреме добија типски објекти. Денес започнуваме со активност за рушење на овие два објекти“, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Јорданов најави дека ќе бидат урнати и други руинирани објекти во централното градско подрачје. Дополнително, ќе се спроведе експропријација на земјиште на потегот кон населбата Три Чешми, за продолжување на булеварот „Гоце Делчев“, кој е главен влез и излез на Штип кон Скопје.

Реклама

„Сакам да најавам и други активности поврзани со рушење на вакви руинирани објекти. Забележувате дека во центарот на градот има повеќе локации кои имаат потреба од урбанизација. Една таква локација е на ЈП ‘Станбен и деловен простор’, за која Општина Штип има покренато иницијатива за уредување, рамнење и рушење на руинираните објекти. Потоа ќе следува и процес на експропријација и изработка на ДУП“, изјави градоначалникот на Штип Иван Јорданов.

Со овој проект Штип го решава деценискиот проблем со запоставените објекти, а истовремено ќе ја подобри урбаната инфраструктура, овозможувајќи модерни услови за развој на градот.