Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Дуалното образование привлекува сè повеќе средношколци

Расте интересот кај средношколците за дуално образование, модел што треба да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Расте интересот кај средношколците за дуално образование, модел што треба да го спои теоретскиот дел од наставата во училиштата со практична работа во компаните. Во последните четири години, бројот на средношколци кои се дел од стручното образование е зголемен од 64 на 70 проценти. Зголемен е и бројот на средни стручни училишта од 8 на 66 и на компаниите кои се дел од дуалното образование од 16 на 600. Младите сè повеќе го препознаваат значењето на практичните вештини и можноста побрзо да се вклучат на пазарот на труд, објасни министерката Јаневска на на конференцијата „Градење иднина: Практични вештини за новата генерација“.

Во средното стручно образование, од една генерација од 17.000 ученици, 12.000 се запишуваат во средно стручно, од кои 4.000 во дуални паралелки. Интересот е голем и тоа е добро, затоа што преку работа и пракса успеваат да стигнат до одредени вештини и компетенции“, изјави Весна Јаневска – министерка за образование.

Кон крајот на месецов треба да започне и јавна расправа за неколку закони кои се изработени од телото што Министерството за образование го формираше за реформи во високото образование. 

Реклама

Овие реформи одат во правец на забелешките од бизнис секторот, од каде предупредуваат дека дел од студентите излегуваат од факултетите со недоволно знаење, а проблемот со лесно добиени дипломи ја нарушува довербата во образовниот систем. Бараат посилен надзор и независна комисија за акредитација која професионално ќе го оцени капацитетот на високообразовните институции.

„Во Македонија имаме фабрикација на дипломи, многу малку знаење и ги повикуваме сите високобразовни институции да направат максимални напори за да го подигнат нивото на образованието. Очекуваме да го користат искуството од стопанството при формирањето на наставните програми и да имаме навистина соодветна независна акредитациона комисија со надворешни лица“, изјави Антони Пешев – извршен директор на Стопанската комора

Досега се затворени 14 приватни научни институти и еден приватен факултет поради незаконско работење и непостапување по забелешките на просветната инспекција.