Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Јаревски: Со Предлог-буџетот за 2026 година се утврдуваат здрави основи на фискална консолидација

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде истакна дека според Фискалниот совет се забележуваат основи на фискална консолидација. Јаревски додаде дека Предлог-буџетот ја истакнува волјата на извршната власт за развој. Според него, опозицијата води несуштинска расправа во контекст на Предлог-буџетот.

,,Мојот впечаток во овие 3 дена општа расправа е тоа дека опозицијата се уште упорно одбива да ги увиди некои работи, упорно седи во својот свет и за жал повторно ќе констатирам во тоа е се поосамена“, рече Јаревски. 

Јаревски посочи дека Предлог-буџетот е реален, со силно изразена развојна компонента и ја изразува волјата на извршната власт за стабилизација и основа за развој.

Реклама

,,Од друга страна, од кај опозицијата гледаме само настапи, каде што се бараат 2 или 3, можеби 5 подставки каде што во овој буџет се можеби помали во однос на претходната година. И целокупната нивна активност насочена во расправата на овој буџет, е токму таа што практично доведува до услови да имаме несуштинска расправа“, кажа Јаревски.

Јаревски истакна и дека Фискалниот совет за овој Предлог-буџет укажа дека се воочливи знаци и чекори на фискална консолидација, во споредба со претходните искуства кој истиот ги имал со СДС, каде се забележуваше негативен тренд на сите полиња, за разлика од сега кога трендот е позитивен. 

,,Фискалниот совет за овој буџет прв пат укажа дека се запознаа се заприметија или се констатираа првите знаци и чекори на фискална консолидација.  Не знам како може некој упорно да игнорира фактот дека и ММФ и Светска банка ги ревидираа на повисоко процентите за раст. Зошто? Бидејќи, на некој начин и самите беа затекнати, поучени од претходниот традиционално искуство на СДС да има негативен тренд на сите полиња, овде имавме позитивен тренд. Ги подигнаа проекциите“, вели Јаревски и додава:

,,И веќе ако велиме дали имаме потреба од суштинска расправа, тогаш можеме да ги видиме клучните макроекономски индикатори“.