Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Распишан конкурс во Македонска Каменица за доделување на 20 стипендии за талентирани ученици и студенти за учебната 2025/2026

Општина Македонска Каменица распиша Конкурс за доделување 20 стипендии за талентирани ученици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица распиша Конкурс за доделување 20 стипендии за талентирани ученици од основното и средното образование, како и за талентирани студенти на државните универзитети за учебната 2025/2026 година.

Право на пријавување имаат ученици и студенти кои се жители на Општина Македонска Каменица, не користат други стипендии или финансиска поддршка и се редовни ученици или студенти. Учениците од основното образование треба да бидат запишани во VIII или IX одделение, додека средношколците во II, III или IV година. Студентите можат да аплицираат од втора студиска година.

Критериумите за доделување на стипендиите предвидуваат бодирање според остварен успех, број на изостаноци, освоени награди на натпревари, учество во слободни активности и објавени трудови. За студентите дополнително се зема предвид и просечниот успех во претходната учебна година, награди од државни и меѓународни натпревари и учество во општествени иницијативи.

Реклама

Стипендијата изнесува 3.000 денари месечно, во траење од 10 месеци.

Потребната документација може да се симне од официјалната веб-страница на Општината. Пријавите се поднесуваат во Архивата на Општина Македонска Каменица или по пошта на адреса ул. „Каменичка“ бр. 2. Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето.

Ненавремени и некомплетни пријави нема да се разгледуваат. Ранг-листата со избраните кандидати ќе биде јавно објавена на веб-страницата на Општината.