Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Пратеникот Лефков учествуваше во дискусии за парламентарна етика и интегритет во Лимасол

Пратеникот Миле Лефков, претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот Миле Лефков, претседател на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања во Собранието, учествуваше на повеќе тркалезни маси и сесии на состанокот на Комисијата за правила, етика и имунитети на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кој се одржа во Лимасол, Кипар, од 13 до 14 ноември 2025 година, информираат од собраниската прес-служба.

За време на настанот, пратеникот Лефков имал излагања на двете тркалезни маси посветени на зајакнување на етиката и интегритетот во парламентите и развојот и ревизијата на парламентарните Кодекси на однесување. Исто така, тој активно учествувал во дискусиите поврзани со следењето на 4-тиот круг препораки на ГРЕКО (Групата земји против корупција), со фокус на примери од земјите-членки.

-Учество на пратеникот на високото ниво претставува важен чекор за Македонија. Настанот овозможи размена на искуства со парламенти кои имаат развиени механизми за етички надзор, пристап до европски добри практики и унапредување на заложбите за изградба на култура на интегритет и отчетност, се вели во соопштението од Собранието.

Реклама

Со ваквите активности, Собранието, велат оттаму, ги зајакнува процесите на усогласување со европските стандарди и ја потврдува посветеноста кон развој на модерен и доверлив парламент во служба на граѓаните.