Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Велев: Сите 2.700 лица со дијабетес тип 1, а особено работоспособните, што побрзо треба да добијат сензори и да имаат подобри услови за работа

Сите 2.700 лица со дијабетес тип 1, а особено работоспособните, што побрзо…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите 2.700 лица со дијабетес тип 1, а особено работоспособните, што побрзо треба да добијат сензори за мерење шеќер во крвта и да имаат соодветни услови за работа и време за пауза за исхрана во текот на работниот ден. Ова денеска го истакна претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Димче Велев, кој рече дека Светскиот ден на дијабетесот го одбележуваат во насока на тоа што го има дадено Меѓународната дијабетолошка федерација, а тоа се условите за работа на лицата со дијабетес.

– Тоа е сериозно важна тема, бидејќи сите зборуваме за економија, економска моќ на граѓаните и на државите, особено нашата држава со цел да се унапредат условите за работа на луѓето со дијабетес особено со тип 1 и тип 2. Тоа што е неопходно е слободно време за пауза во текот на работниот ден, во случај кога на вработениот кој има дијабетес му се намалува или зголемува шеќерот во крвта треба социјализација на тие луѓе, да не бидат избркани туку да бидат толерирани, да имаат пристап до тоалет, можност за дополнување на нивните плати, можност за исхрана и да се прилагодат условите особено за лицата со тип 1 и што е најважно од државата за тие лица што се работоспособни побрзо да добиеме сензори, рече Велев.

Во врска со сензорите појасни дека се чека нов тендер и дека од тоа што досега го имаат како информација не е оптимистичко ниту песимистичко, а тоа е дека ќе се повторат истите бројки како досега што беа со мало зголемување за новите пациенти од изминатите две години.

Реклама

Сензори, посочи Велев, имаат лицата до 26 години и замолуваме и апелираме што поскоро да се распише тендерот за нови сензори. 

– Во петокот дознавме дека веќе се менуваат програмите од 2027 годиина во Македонија. Постапката ќе се префрли преку Фондот за здравство, кој е пофлексибилен за менување на програмите и пристапот до помагалата за разлика од Министерството за здравство кое е политички орган и има порестриктивно дејствување. Се надеваме дека државата набрзо навистина ќе најде средства, бидејќи се обидоа неколку пати да најдат средства за сензори за сите лица со тип 1 во Македонија, кои не се многу околу 3.200 од кои веќе 650 веќе имаат, што значи остануваат уште 2.700 кои треба да добијат сензор. Се надевам дека ќе не изненади Владата, Собранието и дека со овој буџет кој е сега во процедура со амандмани ќе обезбедат дополнителни средства за дополнителни сензори, рече Велев. 

Одговарајќи на новинарско прашање рече дека има луѓе со дијабетес кои ги отпушаат од работа поради тоа што имаат чести хипогликемии или хипергликемии, ги отпуштаат затоа што користат боледување, бидејќи немаат сензори. 

– При една хипогликемија има три дена боледување, немаат храна според своите потреби, немаат достапност до тоалети, правата не им се почитуваат во смисла на здравјето, додаде Велев.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали терапијата која ја користат дијабетичарите е според светските трендови, тој рече дека Македонија веќе неколку години ја има најсовремената инсулинска терапија и антидијабетна терапија што постои во светот.

– Тоа е факт. Препишувањето и достапноста до терапијата треба да се менува како систем, како и во другите држави со право на избор бидејќи се уште немаме право на избори, но и тоа што го имаме е квалитетно и луѓето кои примаат инсулинска терапија немаат компликации и тие потешко се развиваат, додаде Велев.

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес по повод 14 ноември, Светски ден на дијабетесот, денеска организираше настан под мотото „Модерен пристап за нормален живот со дијабетес“, во рамки на кој се одржа тркалезна маса насловена „Дијабетесот на работното место – предизвици и можности за здраво и продуктивно работење“.