Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Мицкоски: Го исполнивме ветувањето, 55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите студенти во земјава да аплицираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги повика сите студенти во земјава да аплицираат на повикот за ваучер во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уред,

-Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55 илјади на број. Тоа што го ветувавме тоа и го исполнуваме. Мислам дека секој студент добива 15.300 денари за набавка на електронски уред. Не сакавме како многу влади во минатото што го правеа тоа, да го направиме ова пред изборите за да не биде сфатено како ете поинакво однесувањ,е неетичко однесување од страна на Владата, рече премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање по  поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во општина Гази Баба.

Чекавме, рече, изборите да завршат официјално, со одлука на ДИК, и да го објавиме овој повик и ги повикувам студентите да се пријават на јавниот повик кој, како што истакна, е отворен до 1 јануари 2026 година.

Реклама

Од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди, кој се спроведува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk.

Сите студенти може да аплицираат најдоцна до 20 декември 2025 година, а реализацијата на ваучерите, односно подигањето на уредите, може да се изврши до 31 декември 2025 година. Од Министерството за дигитална трансформација појаснуваат дека за студентите кои се во евиденција на Министерството за образование и наука при аплицирањето не е потребно да прикачуваат никакви документи. Тие, исто така, го појаснуваат и процесот за аплицирање за студенти кои не се во евиденција на Министерството за образование и наука, и во овој случај, студентот е должен да прикачи потврда за редовен/вонреден студент, издадена од високобразовната установа во која е запишан.

По успешно комплетирање на апликацијата, системот генерира Вредносен ваучер. Со ваучерот, документ за идентификација и потпишана Изјава за искористен ваучер, студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор најдоцна до 31.12.2025 година.