Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Почна аплицирањето за електронски ваучери за студенти преку Националниот портал за е-услуги

Од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денеска е отворен Јавниот повик за доделување на вредносни ваучери за студенти за набавка на електронски уреди, кој се спроведува преку Националниот портал за е-услуги – uslugi.gov.mk, информира Министерството за дигитална трансформација.

Сите студенти може да аплицираат најдоцна до 20 декември 2025 година, а реализацијата на ваучерите, односно подигањето на уредите, може да се изврши до 31 декември 2025 година. Од Министерството за дигитална трансформација појаснуваат дека за студентите кои се во евиденција на Министерството за образование и наука при аплицирањето не е потребно да прикачуваат никакви документи. 

-Чекори за аплицирање за студенти кои се во евиденција на МОН (линк до услугата: https://uslugi.gov.mk/service-details.nspx?serviceId=5980) Студентот се најавува на uslugi.gov.mk и ја поднесува апликацијата за услугата „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за студенти за набавка на електронски уреди“. Во процесот на аплицирање не е потребно прикачување документи. По успешно поднесување, системот генерира документ – Вредносен ваучер. Со добиениот ваучер, документ за идентификација и потпишување на Изјава за искористен ваучер (во продажниот салон на економскиот оператор), студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор, најдоцна до 31.12.2025 година, информираат од Министерството за дигитална трансформација.

Реклама

Тие, исто така, го појаснуваат и процесот за аплицирање за студенти кои не се во евиденција на Министерството за образование и наука. 

-Доколку при аплицирањето системот утврди дека студентот не е во евиденција на МОН, тој автоматски добива известување и линк кон посебната услуга: „Јавен повик за доделување на вредносен ваучер за набавка на електронски уред за студенти кои не се во евиденција на МОН“, каде треба да продолжи со апликацијата до 20.12.2025 година. Во овој случај, студентот е должен да прикачи потврда за редовен/вонреден студент, издадена од високобразовната установа во која е запишан.
По успешно комплетирање на апликацијата, системот генерира Вредносен ваучер. Со ваучерот, документ за идентификација и потпишана Изјава за искористен ваучер, студентот може да го подигне електронскиот уред од избраниот економски оператор најдоцна до 31.12.2025 година, се вели во соопштението.

Министерството за дигитална трансформација ги охрабрува сите студенти да аплицираат навремено и да ја искористат оваа можност преку Националниот портал за е-услуги.