Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

ВРЕДИ: Кривичниот законик повеќе не смее да служи како амнестија

Биномот ДУИ-СДСМ го користеше европското знаме не за Европа, туку како крпа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Биномот ДУИ-СДСМ го користеше европското знаме не за Европа, туку како крпа за да ги избрише трагите на Никола Груевски и да ја спаси кожата на Сашо Мијалков.

Под маската на „хармонизација со ЕУ“, тие гласаа за измени во Кривичниот законик за кои денес гледаме како целото општество пати. Ова не беше закон за европски стандарди, туку понуда за амнестија за заробување на државата, потпишана од ДУИ во име на Албанците, но во интерес на Груевски, Мијалков и кликите што ги ограбија и Албанците и Македонија.

На оваа земја ѝ е потребна вистинска правда, а не закони прилагодени на каприците на политичарите кои се плашат од одговорност, се вели во соопштението од ВРЕДИ.

Реклама

Изработката на новиот Кривичен законик бара длабинска анализа, професионално усогласување и вклучување на најдобрата правна експертиза, поради што ВРЕДИ поддржува одговорен пристап заснован на европските принципи.

Нашиот пристап е јасен: на земјата ѝ е потребен современ Кривичен законик, изграден врз принципот на еднаквост пред законот и со реален капацитет да обезбеди ефикасно казнување за корупција и злоупотреба на моќ.

ВРЕДИ беше првиот што побара зголемена одговорност за корупција на високо ниво, преку уставен амандман. Нашиот приоритет е едноставен, кривичен систем што ги штити граѓаните и правдата, а не оние што со години го користеа законот за да се исчистат од скандали.