Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Битка за враќање на шумите – започна обновата на изгорените подрачја

Со автохтони дрвја ќе се пошумуваат регионите кои лани и ова лето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со автохтони дрвја ќе се пошумуваат регионите кои лани и ова лето беа пеплосани од огнените стихии. Во расадниците на ЈП „Национални шуми“ веќе се подготвени над 2 милиони зимзелени и листопадни садници со кои треба да се ревитализираат најзагрозените подрачја.

На планината Серта веќе започна пошумувањето, а во тек се анализите за планината Готен, каде што ова лето изгореа над 4.000 хектари.

„Таму сигурно нема да го пошумуваме делот што изгоре ова лето, се чека комисијата да излезе на терен и да ја утврди фактичката состојба. Јас сум сигурен дека таму нема да има дозвола за сеча на поголеми површини. Таму каде што е голо ќе се пошуми. Што се однесува до Серта, таму веќе имаме една сериозна обнова“, изјави, Кире Михаилов, директор на ЈП „Национални шуми“.

Реклама

Иако ова лето Македонија повторно беше во пламен, штетите по дрвниот фонд, за разлика од минатогодишните пожари, се релативно мали. На Готен и во дојранскиот регион гореа површини со грмушки и слаба деградирана шума, за разлика од претходните години кога огнот буквално за само неколку секунди ја пеплосуваше боровата шума стара десетици години.

„Штетите се многу мали, во однос на пожарот во Малешевијата во 2021. Ако тогаш изгоре висококвалитетна шума, оваа година можеби на целата територија на нашата држава нема толкава штета колку што имаше во 2021 само на тој пожар“, изјави Кире Михаилов, директор на ЈП „Национални шуми“.

Од април до сега, во државата се регистрирани вкупно 2.197 пожари на отворен простор. Најголем дел од нив беа предизвикани од човечки фактор. Според МВР, за овој период досега се поднесени 46 кривични пријави, а уапсени се 66 лица.