Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Штип ќе добие „СКАДА“ систем – помали загуби на вода и повеќе пари за „Исар“

Од следната година Штип, ќе добие современ Скада систем, за следење и управување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од следната година Штип, ќе добие современ Скада систем, за следење и управување на водоводната мрежа. Штипското комунално претпријатие„ Исар”, во моментот ги разгелдува понудите од операторите, по што ќе започне и реализација на проектот.  Системот ќе овозможи континуирано следење на притисокот, протокот и дистррибуцијата на водата во реално време, што значително ќе ги намали загубите. Според претпријатието, дури 62% од водата исчезнува во водоводниот систем поради дотраена мрежа и диви приклучоци.

  „Проектот за имплементација на Скада системот, е во фаза на   еваулација на пристигнатите понуди од оперторите. По завршуваањето на овие активности, ќе пристапиме кон изведба на самиот систем„ изјави Александар Арсовски, директор на ЈП„Исар”-Штип

Една од клучните придобивки на овој систем, е можноста за наврамено откриваање на дефектите, но и намалуваање на злоупотребата. Голем дел од загубите, особено во летниот период, доаѓаат од наводнување бавчи и дворови со питка вода. Според анализите „Исар”, годишно губи околу  2,5 милиони евра порди старата мрежа и дивите приклучоци

Реклама

 „Со Скада системот, се надеваме дека уште првата година ќе ни се овозможи заштеда на питка вода за пиење, за повеќе од 20%. Тие средства ќе останат на сметката на јавното претпријатие и ќе се инвестира во подобрување на водоводната и канализациона мрежа во градот„ изјави Александар Арсовски-дир. на ЈП„Исар”-Штип.

Системот Скада, чини околу половина милион евра. Неговото имплементирање ќе се финансира со средства од  вториот повик на Владата обезбедени од унгарскиот кредит.