Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Фрлање отпад во Скопје до 22 часот – граѓаните ја поздравуваат мерката, еколозите поумерени со проценките

Фрлањето ѓубре во ноќните часови ќе биде забрането. Секој што ќе биде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фрлањето ѓубре во ноќните часови ќе биде забрането. Секој што ќе биде затекнат како остава смет по 22 часот ќе се соочи со парична казна до 50 евра. Советот на Град Скопје ја изгласа одлуката со која се ограничува користењето на контејнерите во период од 22 до 06 часот. Мерката според градските службите ќе има за цел да му овозможи поефикасна работа на Јавното претпријатие Комунална хигиена. Таа е донесена по примерите од големите светски метрополи. За граѓаните мерката е добра и велат дека конечно ќе се воведе поголем ред околу собирањето на сметот. Ограничувањето ќе придонесе за почисти улици и поуреден град, сметаат тие.

Од невладините пак со попесимистички погледи околу новата мерка. Дел оценуваат дека таа е недоволно ефективна и дека нема да го реши отпадот во Скопје. Марјан Калевски од Зелен хуман Град вели дека потребни се посериозни системски решенија и дека проблемот е во преголемата урбанизација и недоволниот број на контејнери.

Тоа нема да ги реши проблемите со отпадот во Скопје. Знаете во Скопје има преголема урбанизација, која дозволи неплански да се направат по никакви стандарди згради, каде што сега нема едноставно доволно контејнери поставено за луѓето го одлагаат својот отпад, така што проблемот е во инфраструктурата и со премалиот број на контејнери“, изјави Марјан Калевски, од Зелен Хуман Град.

Реклама

Невена Горгиевска од О2 организацијата, вели дека мерката е добра, но останува скептична околу тоа колку истата ќе се почитува. Вели дека и во овој момент постојат закони за одлагање на отпад, но дека надлежните не ги казнуваат оние кои ги прекршуваат. За неа, мерката ќе даде резултати, само ако се обезбеди јасна контрола и доследно спроведување.

„Сметам дека мерката е донесена во насока да се направи некој ред во однос на одлагањето на одпадот, дали ќе донесе резулати, зависи од тоа колку ќе се применува. Заота што и сега постојат закони кои забрануваат да се фрла отпад, каде што не треба, но, на терен не се спроведуваат“, изјави Невена Гориевска 02 Организација.

Градот најавува дека воведувањето селективни корпи за различен тип на смет ќе биде следната фаза од реформите во управувањето со отпадот.