Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

„Марш за ангелите“ во Скопје, упатен повик за вистина и правда

Со фотографии од загинатите деца и транспаренти со пораки за правда, започна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со фотографии од загинатите деца и транспаренти со пораки за правда, започна денешниот протестен марш, во спомен на 63-те млади луѓе кои го загубија животот во пожарот во дискотеката „Пулс“, во Кочани. Маршот започна со собир на Плоштадот во Скопје во 12 и 5 минти, по што, голем број граѓани се упатија кон Собранието. Со триминутен молк пред Порта Македонија им оддадоа почит на загинатите.

Маршот  продолжи кон Собранието, од каде родителите порачаа дека очекуваат да ја добијат правдата за нивните најмили што ја бараат од првиот ден. Во своите обраќања, дел од родителите потсетија дека борбата што ја водат не е само лична трагедија, дека не сакаат милост, туку вистина и правда. Нагласија дека нема да отстапат сè додека не се утврди целосна одговорност за трагедијата што ги одзеде животите на нивните деца.

Од пред Собранието родителите и останатите граѓани продолжија кон  Основниот кривичен суд, каде за 19 ноември е закажан почетокот на судскиот процес за трагедијата во дискотеката Пулс.  Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица, меѓу кои сопствениците на дискотеката, проектанти, инспектори, како и тројца поранешни градоначалници на Кочани и двајца поранешни министри за економија. Сите се товарат за истото кривично дело Тешки дела против општата сигурност. Процесот ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска, а судењето ќе се одржува во големата дигитализирана судница во рамките на затворот „Идризово“.  Кривичниот суд,  Обвинителството и Адвокатската комора, соопштија дека ќе преземат сè што е потребно за да обезбедат непречено, транспарентно и ефикасно судење. Државниот обвинител Коцевски најави дека предметот ќе го застапува тим од околу 15 обвинители, со цел процесот да се води брзо, професионално и целосно во интерес на јавноста.

Реклама

Денешниот марш го организираа граѓанските иницијативи „Кој е следен!“ и „16 Март 2025“, по катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март годинава, во дискотеката „Пулс“. Огнот избувна од пиротехника, за време на концертот на популарниот бенд ДНК, чии фронтмени и дел од составот исто така загинаа.