Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Николовски: Скандалот се продлабочува, Трипуновски доделил земјиште на ќерката на приведениот Стоилев

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство,  Љупчо Николовски, изнесе уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за земјоделство,  Љупчо Николовски, изнесе уште еден скандал поврзан со директорот на Платежната агенција, а во кој се открива поврзаноста на акуелниот министер за земјоделство, Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Стоилев, се наведува во соопштението од СДСМ.

Николовски посочи дека првиот договор што го потпишал министерот за земјоделство  Трипуновски, за доделување земјоделско земјиште бил на ќерката на  директорот на Платежната агенција. 

„Прв договор кој што го има потпишано министрот Трипуновски за доделување на земјодолско земјишто на почетокот на јули минатата година, кога дојде на функцијата министар, знаете со кого е? Со ќерката на актуелниот директор на Платежната агенција кој денеска е во притвор – тоа  е Ана Стоилева. Тоа говори за уште поблиските односи кои што ги има со оваа светиниколска врска. Ова јавно го кажувам, а по допрен глас може да се постапува“, рече Николовски. 

Реклама

Тој додаде дека Платежната агенција откако Трипуновски е министер за земјоделство е партизирана, за што како што кажа Николовски постојано алармирал.  

„И од собраниската говорница укажува дека има политичка тортура, дека има партизација во Платежната агенцијата, дека нема комуникација со Брисел,  дека директорот не оди на важните состаноци, дека се чуваат предмети во фиока, дека има неажурност. Скандалот со ИПАРД е пред се личен, заради тоа што директорот на Платежната агенцијата е фатен во овој мегакорупциски скандал“, рече Николовски.

Во интервјуто, Николовски посочи дека скандалот со ИПАРД со кој под суспензија се 130 милиони евра – пари кои земјоделците ги чекаат за да ги реализираат планираните  инвестиции, е дополнителен удар врз земјоделството, бидејќи како што кажа година и пол нема ниту една реформа, ниту нова мерка за овој сектор. 

„Трипуновски нема да остане запаметен по ниту една реформа, туку  по безидејноста, по неспособноста, по ниту една мерка. Бевме прогласени за лидери  во делот на искористеност на европските фондови, и уште повеќе најдобри споредено со сите земји кои што ги користат овие средства, за да сега, за жал, се вратиме повторно назад и да ни се случи суспендирање на ИПАРД програмата“, рече Николовски.