Реклама

„Револуција во кадар“ – ВМРО низ фотографии од 1893 до 1934 година

Договорите на дело да се трансформираат во редовни вработувања во дел од институциите – предлог-закон на ВМРО-ДПМНЕ

Потпишана националната програма за достоинствена работа 2026-2030

Форум на „Унитаб“ во Прилеп – македонскиот модел пример дека производството на тутун има светла иднина

Петмина кандидати во трка за наследник на Абази: Околу 160 обвинители утре го избираат новиот шеф на Организиран криминал

Европски услови во „Стив Наумов“, освен редовното одржување потребна е и поголема грижа од студентите

Србија по Александар Вучиќ: Прослава и насилство на победниците, шпекулации за нов премиер, стигнаа и првите барања од Хрватска и Словенија

Ќерка ја пронашла починатата своја 76-годишна мајка во Ѓорче Петров: Втор случај за пет дена

Извозот е приоритет за раст на економијата – се бараат решенија за превозниците во Шенген-зоната

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Македонија

Младински хор од Солун ќе одржи концерт во Скопје – приредува мало изненадување за деца од Кочани

Младинскиот хор од Солун вечер во 18:30 часот,  во малата сала на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Младинскиот хор од Солун вечер во 18:30 часот,  во малата сала на Филхармонијата во Скопје ќе одржи концерт насловен „Wandering Echoes“.

Хорот на Музичкото училиште во Солун ќе се претстави со посебна програма за ова прилика која вклучува широк спектар од традиционални грчки и модерни мелодии.

Во пресрет на концертот во Скопје што воедно ќе биде нивно прво претставување кај нас, советникот по музичко образование во источен Солун, Андонис Константинидис од Атина најави дека на концертот ќе присуствуваат и деца од Кочани, со што настапот ќе има и една симболична и емотивна димензија.

Реклама

-Поканети ќе бидат и десет деца од Кочани кои ќе се запознаат со децата од хорот, тие ќе бидат наши гости и им подготвуваме и мало изненадување. Ќе го следат концертот, планирано е дружење и заеднички ручек. Ова ќе биде во чест и спомен на сите што ги загубија животите во Кочани или на кое било друго место каде што се случила таква трагедија, вели Константинидис кој е надлежен за проектот.

Солунскиот хор  го сочинуваат 39 девојчиња од средни училишта, а диригент е Ангелики Крисила. Тој е еден од најдобрите хорови, со низа успеси, како и планирани концерти и настапи во иднина.

– Хорот има долгогодишна традиција и е признаен за успесите. Во минатото има одржано голем број концерти во големи концертни сали. На овој начин се обидуваме да изградиме мост на соработка со соседната земја врз основа на културата и хуманизмот, вели Константинидис.

Концертот во Скопје е на покана на Грчката амбасада и во соработка со Солунскиот државен симфониски оркестар во рамките на програмата балканска соработка и општата екстровертност на оркестарот.

Влезот за концертот е слободен, но потребна е претходна регистрација на линкот: https://forms.gle/eJmVgVnydVcmxdxk8 .